Вести
Јеменската Ал Каеда се заканува со нови напади во Франција

Верскиот водач на Ал Каеда на Арапскиот полуостров, на која се повикуваа напаѓачите врз францускиот сатиричен неделни Charlie Hebdo, се закани со нови напади во Франција во видео порака што ја објави американскиот Центар за следење на исламистичките страници на интернет SITE.
„Нема да бидете безбедни додека се борите против Алах и неговиот пратеник, како и против верниците“, изјави верскиот челник Харит бин Гази ал-Надари според транскриптот објавен на видеото.
Меѓутоа, тој не наведува во пораката дали нападот во Париз е изведен во името на Ал Каеда.
„Војниците кои го почитуваат Алах и Неговиот пратеник дојдоа меѓу вас. Тие не се плашат од смртта, туку бараат мачеништво во името на Алах“, изјави ал-Надари, говорејќи за Шариф и Саид Каши, кои го извршија нападот врз редакцијата на Charlie Hebdo во кој беа убиени 12 луѓе.
Во телефонскиот повик до француската телевизиската станица BMF TV непосредно пред почетокот на полицискиот напад врз печатницата во местото Демартен-ан-Гоел, каде се криеја браќата Каши, едени од нив изјави дека во Франција ги испратила и финансирала Ал Каеда од Јемен.
„Мене, Шариф Каши, ме испрати Ал Каеда од Јемен, Бев таму и ме финансираше Анвар ал-Авлаки“, изјави во јавувањето еден од браќата од печатницата во која од четвртокот навечер беа забарикадирани со заложник.
Претходно во петокот беше објавено дека eден од осомничените за нападот врз редакцијата на сатиричниот неделник Charlie Hebdo во средата во Париз во кој беа убиени 12 луѓе, во 2011-та престојувал во Јемен каде што се сретнал со американскиот државјанин терористот Анвар ал-Авлаки, кој подоцна беше убиен од американските тајни служби.
Според информациите до кои дошла агенцијата AFP од неименуван извор на висока позиција во разузнавањето во Јемен, Саид Каши бил еден од странските државјани кои во оваа земја дошле за изучување на исламската религија. Сепак, изворот на агенцијата не можел да прецизира дали тој бил обучен во Јемен во еден од тамошните кампови на глобалната терористичка мрежа Ал Каеда.
Висок претставник на јеменските безбедносни служби потврди во саботата за агенцијата Reuters дека братот на Шариф, Саид Каши, исто така, се сретнал со ал-Авлаку убиен од американско беспилотно летало, во текот на неговиот престој во Јемен во 2011 година./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.