Вести
Пријавени истрели во болница на воената морнарица на САД, не е откриен напаѓач
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/d383db67796f4d62a07762947e1f5831_0-big.jpg)
Полицијата не успева засега да открие траги на стрелец или знаци за пукање во медицинскиот центар на американската воена морнарица во Сан Диего, во сојузната држава Калифорнија, по пријавата во вторникот.
Според првичните резултати од истрагата, иследниците не успеале да пронајдат знаци за каков и да е инцидент кој бил пријавен, изјавил за Associated Press портпаролот на американската воена морнарица Скот Сатерленд. Според него, проверка е направена во една до зградите на комплексот, по најавата дека е виден вооружен маж и оти се слушнале најмалку три истрела.
Сепак, медицинскиот комплекс сé уште е под блокада на полициски тимови. Агенцијата јавува истовремено дека повторно се одржува настава во трите соседни училишта, кои биле накусо блокирани поради тревогата.
Телевизиската мрежа CNN, исто така, во извештајот пренесува дека полицијата ги проверува информациите за инцидентот во болницата, како и дека на персоналот во меѓувреме му било наредено да го напушти објектот и да се засолни.
Во изјавата за CNN, друг портпарол на морнарицата, Кевин Диксон, појаснил дека според примените информации, истрелите наводно биле чуени во подрумските простории на едена од зградите, каде што се наоѓаат канцелариите на администрацијата и простории за војниците.
„Во моментов зградата е целосно блокирана и се спроведува детално пребарување, кат по кат“, изјави Диксон во телевизискиот извештај.
На социјалната мрежа Facebook уште е поставено предупредувањето од администрацијата на медицинскиот центар и препораката за членовите на персоналот кој се наоѓа во зградата веднаш да ја напуштат или да најдат безбедно засолниште.
Портпаролот на медицинскиот комплекс во Сан Диего, Мајк Алварез вели за Associated Press дека „не може да потврди дека е пронајдено лице кое пукало“ на територијата на комплексот. „И покрај тоа, ние ќе ги преземеме и спроведеме сите мерки предвидени за ваквите ситуации“, додал.
Медицинскиот центар во Сан Диего е најголемиот тамошен здравствен комплекс, во чиј состав има дваесетина згради со 11 специјализирани клиники и осум објекти со операциони сали. Во него работата околу 800 луѓе. /крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/gaza32.jpg)
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/борел-миа.jpg)
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/антонио-гутереш.jpg)
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.