Регион
Во Турција откази добија 28.000 наставници
Околу 28.000 турски наставници се отпуштени од работа откако се осомничени за поврзаност со курдските бунтовници а во прв ред со движењето на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, обвинет во Турција за поттикнување на неуспешниот воен преврат од 15-ти јули, соопшти вицепремиерот во понеделникот, на првиот ден од новата учебна година.
„Од 850.000 наставници во Турција, 27.715 се отпуштени, 9.465 наставници се привремено отстранети од работа и 455 се вратени на работните места“, изјави заменикот премиер Нуретин Чанали на прес-конференцијата во главниот град Анкара, која ја пренесуваше турската телевизија.
Во понеделникот утрото повеќе од 18 милиони ученици на сите возрасти се вратија во училишните клупи во атмосферата на сé уште свежите сеќавања на неуспешниот државен удар од ноќта од 15-ти кон 16-ти јули во кој беа убиени 270 луѓе и ранети околу 2.000. По влегувањето во училниците сите ученици ја добија малата книшка „Победата на демократијата на 15-ти јули и сеќавање на мачениците“, документ кој го подготвил турското министерство за образование.
Потоа со минута молк им оддале почест на жртвите и се помолиле за нив, според упатствата од министерството за образование. Учениците гледале и два куси филма за загинатите (мачениците) и за обединетиот народ кој му се спротистави на пучот, со тонска подлога на гласот на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и звуците на турската химна.
Ваквиот почеток на учебната година следува по бранот чистки во државната управа, за да се исклучи секое можно влијание на клерикот Фетулах Ѓулен, кој живее во доброволен егзил во САД од 1999 година.
Во големиот град со курдско мнозинство Дијарбекир, на југоистокот од Турција, околу сто ученици протестирале и барале враќање на нивните наставници, но полициските сили ги отстраниле./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Околу 50 маскирани лица дојдоа пред Српскиот културен центар во Загреб
Педесетина маскирани мажи, претежно млади луѓе, пристигнаа пред Српскиот културен центар во Загреб, каде што се одржува изложба.
Таму беа и неколку припадници на интервентната полиција.
Откако пееја „О Хрватска, о Хрватска, независна држава“ и скандираа „За татковината, спремни“, тие го напуштија местото на настанот.
Полицијата не интервенираше веднаш, а групата се оддалечи сама, пренесуваат хрватските медиуми.
Интервентната полиција запрела дел од групата, ги легитимирала, а потоа ги пуштила.
фото: принтскрин
Регион
Во Словенија од денеска границите ќе ги чува и војската
Припадници на словенечката војска од денес ќе учествуваат во чувањето на државната граница заедно со полицијата, откако владата еден ден претходно го активираше членот 37 од Законот за одбрана, што го дозволува ова, јавува словенечката агенција СТА. На овој начин, тие ќе и олеснат на полицијата за да можат да извршуваат задачи поврзани со управувањето со безбедносната состојба, особено во југоисточниот дел на Словенија.
Членот 37 од Законот за одбрана предвидува дека словенечките вооружени сили можат да соработуваат со полицијата во пошироката заштита на државната граница во рамките на националната територија во согласност со плановите и по претходна одлука на владата. Припадниците на словенечките вооружени сили немаат полициски овластувања при извршување на овие задачи.
Владата одлучи да го активира членот на вчерашната седница со оглед на безбедносната состојба во југоисточна Словенија, истакнува СТА. Како што изјави премиерот Роберт Голоб по седницата, полицијата може да ги повика припадниците на словенечките вооружени сили да помогнат во многу ограничен опсег на задачи на границата. На овој начин, армијата ќе им олесни на полициските единици од југоисточна Словенија.
фото: принтскрин
Регион
Хорор во Лесковац: се скарал со соседката, па ја удрил со лопата по главата и стомакот, лекарите се борат за нејзиниот живот
Денеска, во селото Губеревац во близина на Лесковац во Србија се случи обид за убиство. По расправија, 69-годишниот Ц.Ј. ја нападнал својата 61-годишна соседка со лопата, нанесувајќи и повреди опасни по живот. Напаѓачот е уапсен, а Вишото јавно обвинителство во Лесковац му одредило притвор поради сомнение за обид за убиство, објавува српски Блиц.
Според првичните информации, вербалниот конфликт меѓу соседите ескалирал во физички напад. Се сомнева дека Ц.Ј. во еден момент зграпчил лопата и ја удрил жената по главата и стомакот со металниот дел. Жената е итно пренесена во Клиничкиот болнички центар во Ниш, каде што лекарите се борат за нејзиниот живот.
„Жената се здобила со повреди во форма на фрактура на темпорална коска и хематом во пределот на абдоменот, поради што е примена на лекување во Клиничкиот болнички центар во Ниш. Истрагата ја спроведе јавниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Лесковац“, изјавил извор за Блиц.

