Контакт

Вести

Кери: САД нема да замижуваат пред руските тенкови во Украина, но не сакаaт конфликт со Москва

Објавено пред

Американскиот државен секретар Џон Кери во четвртокот во Киев изјави дека „руската агресија“ во источна Украина претставува најголемата закана за оваа земја, како и дека САД „нема да ги затвораат очите пред руските тенкови и борци“ кои ја минуваат границата, и истовремено се обидуваат да најдат дипломатско решение за конфликтот, а од домаќинот побара да се сочува специјалниот статус за Донбас, односно двата одметнати рускојазични региони кои самопрогласија ткн „народни републики“ во Донецк и во Луганск.

dobivaj vesti na viber

По разговорот во украинската престолнина со претседателот Петро Порошенко, американскиот државен секретар Џон Кери побара од Москва итно да се ангажира на договорот за прекин на огнот кој беше потпишан меѓу властите во Киев и рускојазичните бунтовници од истокот на земјата во белоруската престолнина Минск ланскиот септември.

„Русија мора да донесе одлуки, а нив не ги прават зборовите туку делата. Тоа значи дека мора да се ангажира на низа потези со коишто ќе го поддржи веќе потпишаниот договор од Минск. Сакаме дипломатско решение на проблемот, но не можеме да ги затвораме очите пред тенковите коишто ја минуваат границата од руска страна и влегуваат во Украина. Не можеме да ги затвораме очите ниту пред руските борци кои ја минуваат границата со униформи без обележја“, рече Кери на заедничката прес-конференција со Порошенко.

„Мора да се исполнат договорите од Минск. Од зоната на конфликтот неопходно е да се повлече тешкото вооружување, и да се повлечат силите, и да се затвори границата. Тоа ќе го утврди суверенитетот на Украина и ќе придонесе за нормализирање на состојбата“, додаде Кери.

Американскиот државен секретар и’ порача на Русија дека тоа е „единствениот начин да избегне меѓународна изолација“ и единствениот пат за постигнување мир за украинскиот народ.

Истакна дека конфликтот во Украина ќе биде запрен само кога ќе се почитува прекинот на огнот, оружјето ќе биде одложено и страните ќе седнат на преговарачката маса.

Според Кери, за да ги достигне овие цели на Украина и’ е потребно лидерството на претседателот Порошенко. Оцени дека Украинците во изминатата речиси една година, од соборувањето на претседателот Виктор Јанукович во март 2014-та, „постигнале многу, морен трансфер на власта, избори, нова влада, работејќи во единство“.

„Во наредните денови ќе бидеме во можноста да изнајдеме начини како да се напредува. Важно е, се разбора, лидерството на Порошенко, за да се постигнат вашите цели“, порача шефот на американската дипломатија пред новинарите.

Кери, исто така, се осврна и на Порошенко треба да го поддржи специјалниот статус за областа под заедничко име Донбас, како дел од минатогодишните преговори, откако рускојазичните бунтовници прво бараа федерализација на Украина по региони, а потоа по продолжувањето на судирите ги прогласија ткн народни републики и одржаа избори.

Американскиот државен секретар смета дека „доколку дипломатијата добие адекватна моќ, можно е да се постигне мир, што е особено важно за регионот и земјата во целина“. „Порошенко утрово ми кажа дека и понатаму го поддржува законот за специјалниот статус на Добнас, кој вклучува и проширување на политичките права на регионот. И тоа е многу важно да не се заборави, како и тоа дека тој ја презема врз себе одговорноста да спроведе уставните реформи и да спроведе регуларни избори во Донбас“, додаде.

Во продолжение на прес-конференцијата Кери рече дека ниту САД, ниту Европа посакуваат конфликт со Москва, „ние бараме дипломатски патишта за решавање на ситуацијата“. „Ние не сакаме конфликт со Русија, нито САД, ниту Европа. Русија е должна да ја искористи таа поддршка којашто ние ја даваме на дипломатското решение на состојбата“, порача Кери.

Претходно Порошенко изјави дека САД и Украина ќе ја зајакнат меѓусебната соработка во сферата на безбедноста. „Ја зајакнуваме нашата соработка во одбраната, за да го пронајдеме најдоброто решение за ситуацијата во земјата. Тоа е многу важно за нас. Благодарен сум за сеопфатната поддршка на нашата земја на патот на реформите од страна на САД“, изјави украинскиот претседател.

„На Украина навистина и’ е потребна помош в борбата против корупцијата, за воспоставување нормална клима за инвестиции и тн. Во овие сфери за нас е многу важно да ја продолжиме соработката со САД“, рече Порошенко./крај/мф/сн

Извор: Reuters/TACC

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Силјановска: Како никој не се сети да им каже во ЕУ дека самите во член 4 гарантираат немешање во внатрешните работи и почитување на уставните структури

Како може некому да ветите дека ќе го смените Уставот, кога Уставот може да го сменат само пратениците во Уставот....

Македонија6 часа

СДСМ за Димитриевски: Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци

Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци и во тоа нема ништо социјалдемократски ниту вредносно туку единствено и...

Македонија7 часа

Пендаровски: Не велам дека Европската преговарачка рамка е во ред, ама е договорена од 27 држави – ние или ја прифаќаме, или ја одбиваме

Во вечерашниот телевизиски дуел помеѓу двата претседателски кандидати, Пендаровски се осврна на неговиот концепт за напредок на државата, за кој,...

Свет10 часа

Борел: Западен Балкан има историска можност да ја поврзе својата иднина со ЕУ

Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жосеп Борел,  по повод 20-годишнината од најголемото проширување на ЕУ, изјави...

Македонија11 часа

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отварање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија денеска по повод празникот на трудот Први Мај организираше пикник во Пелинце. Претседателот на...

Македонија14 часа

Демократски сојуз: Народот не може да создаде толку колку што власта може да украде

Демократскиот сојуз на сите работници им го честита Меѓународниот Ден на правата, 1-ви Мај. „Во услови на влошена економско-социјална положба...

Македонија14 часа

„Колку повеќе не напаѓаат посилни не прават“ – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов на денешниот протест порача дека работниците даваат црвен картон на Врховниот судот за неговата одлука...

Македонија15 часа

Европски фронт: Ветингот, услов за нова Влада

Арта Билали Зендели, претставник на Европскиот фронт  на прес- конференција истакна дека ветингот ќе биде услов за новата Влада. Според...

Македонија15 часа

СДСМ не ја прифаќа понудата на Максим Димитриевски

Граѓаните и гласачите на СДСМ веќе ја препознаваат измамата која им е сервирана од страна на ЗНАМ и непринципиелните коалиции....

Македонија16 часа

Силјановска Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Гордана Силјановска-Давкова порача од Струмица дека ќе се вивне политичкиот вулкан како отпор на феудалните енклави на замислените европјани. „Во...

Македонија17 часа

Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС, со распределбата на ваучерите направен милионски криминал, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Милионерот Дарко Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на Агенциојата за млади и спорт, АМС, со распределбата на ваучерите направен...

Македонија17 часа

Од денеска жичницата на Водно ќе работи два часа повеќе од досега

Од ЈСП Скопје информираат дека дека поради празникот 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, јавниот превоз ќе сообраќа по...

Македонија17 часа

Колони возила на Богородица, се чека и по еден час

Според информациите на граничниот премин Богородица за излез од Македонија се чека и по еден час за возила кои се...

Свет18 часа

Небензја: Русија е категорично против резолуцијата за Сребреница

Рускиот амбасадор во Обединетите нации Василиј Небензја изјави дека Русија е категорично против резолуцијата за Сребреница во Генералното собрание на...

Свет18 часа

Шојгу нареди да се обезбеди повеќе оружје за војната во Украина

Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу нареди што поскоро да се обезбеди поголемо количество оружје за воената операција во...

Свет19 часа

(Видео) Се урна дел од автопат во Кина: возила паднаа во провалија, десетици мртви

Се урна автопат во провинцијата Гуангдонг во јужна Кина. Дел од автопатот се урна рано наутро во јужна Кина, при...

Македонија19 часа

Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со првомајски протест и низа барања до новата влада

Пораст на платите во приватниот и во јавниот сектор, минимална плата во износ од најмалку 450 евра во првите 100...

Македонија1 ден

Каевски: Обвинувањата на ОЈО се неосновани и тенденциозни, тврдам дека го немам прекршено законот

Поранешниот директор на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски ги отфрли сите обвинувања на ОЈО против него, кои, како...

Македонија1 ден

Ковачевски: Условувања не прифаќаме, СДСМ е државничка партија

СДСМ не прифаќа никакви условувања и со никого нема да прави политички дилови, особено не со некого кој веќе се...

Македонија1 ден

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот, кој вие од власта го крадете

Додека од власта зборуваат за интеграции, ја купуваат „Соравија“ додека тие се колнат лажно во европските вредности, им течат тендери...