Вести
IS повторно нападна шиитска џамија во Саудиска Арабија

Сунитската џихадистичка група Исламска држава (IS) во петокот ја презема одговорноста за новиот крвав бомбашки напад врз шиитските верници во Саудска Арабија, втор во последната седмица и покрај засилените безбедносни мерки.
Во нападот загинаа најмалку четири лица во експлозија пред шиитскат аџамија Имам хусеин во Дамам, на истокот на Саудиска Арабија, монархија со сунитско мнозинство кое е радикализирано, соопшти тамошното министерство за внатрешни работи истакнувајќи дека безбедносните сили успеале да спречат во нападот да нема поголем број жртви. Претходно на 22-ри мај џихадистите извршија напад врз преполната шиитска џамија Имам Али во Катиф, убивајќи 21 и ранувајќи уште 97 луѓе.
Овој петок жените од безбедносни причини немаа пристапи до храмовите, по минатонеделниот напад врз шиитите во оваа покраина.
„Власите спречија терористичко злосторство над лица кои учествувале во молитвата во џамијата Ал Ануду“, во Дамам, престолнина на Источната покраина во која живеат најголем број припадници на шиитската заедница, се наведува во соопштението. Бомбашот самоубиец „го активираше појасот со експлозив кога припадници на безбедноста се упатиле кон него“, додава министерството наведувајќи дека во нападот се ранети уште четири лица.
Исламската држава ја презема одговорноста за нападот на Twitter со пораката дека „Војникот на калифатот Абу Јандал ал-Јазрави испеал да ја погоди целта и покрај силните мерки за безбедноста“ во џамијата.
Шиитски Иран веднаш го осуди смртоносниот терористички напад врз шиитските верници во Саудиска Арабија и побара преземање на „сите мерки за да се спречат ваквите инциденти и борба против оние кои се фокусирани на безбедноста и стабилноста во регионот со провоцирање врски судири“, изјави портпаролката на иранското министерство за надворешни работи Марзијех Афкам во петокот.
Иранските медиуми објавија дека во петокот по нападот илјадници луѓе на улиците на Катиф во Источната покраина излегле на протести против терористичките напади. Тие ја обвинуваат владата во Ријад дека не успева да го заштити шиитското население во оваа арапска земја./крај/мф/сн
Извор: AFP/Press TV
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.