Македонија
Вкупно 30 фирми осудени за кражба на електрична енергија
Екипите на ЕВН Македонија во соработка со полицијата во изминатите две години открија 2.010 кражби на електрична енергија во државата.
Од нив 1.831 се домаќинства, 170 мали бизнис корисници, пет јавни претпријатија и четири компании од категоријата индустрија. За сите е поднесена кривични пријави, дел од нив добија судска развршница, а дел чекаат на правосилни одлуки на судовите.
Само оваа година за 10 месеци се откриени 820 случаи на неовластенo користењe на електричната енергија. Најмногу се директни кражби, манипулации со броилата, а има и случаи на самоволно приклучување.
Најмногу има откриено кражби во Скопје околу 211 од кои само во западниот дел на Скопје во реонот што го покрива Корисничкиот енерго центар Ѓорче Петров 118. На листата на градови со најмногу фатени кражби годинава се наоѓа Струмица 143, потоа Прилеп 83, Тетово 73, а во Кратово, Кочани, Кичево, Битола се откриени десетина случаи. Над 12,5 милиони kWh електрична енергија украле крадците, а штетата во пари изнесува над 1,5 милони евра.
Годинава македонските судови изрекоа вкупно 280 пресуди на корисници кои краделе електрична енергија. 250 од овие пресуди се однесуваат на физички лица, а 30 на правни лица. Кривичното дело го сториле со директно поврзување на дистрибутивната мрежа пред мерниот уред, манипулација на броилото, се приклучиле на дистрибутивната мрежа без да добијат Решение за енергетска согласност или самоволно се приклучиле после исклучување поради неплатени сметки.
Од овие 280 пресуди, девет се однесуваат на кражби на електрична енергија за кои корисниците ќе треба да заминат на издржување затворска казна во траење од една година.
Државата е оштетена по основ на неисплатениот данок на додадена вредност што не може да се наплаќа на крадената нефактурирана енергија. Најголема штета трпат соседите на крадците на електрична енергија. Секаде каде што има кражба, напонот ослабнува и постои голема опасност од пожари, а сериозно загрозени се околината и животите на тие што крадат електрична енегија, но и на нивните соседи./крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

