Регион
Варуфакис: Ако ЕУ го отфрли грчкиот план можни предвремен избори или референдум

Грција може да распише референдум или нови предвремени парламентарни избори доколку нејзините партнери од еврозоната го одбијат нејзиниот план за решавање на прашањето на грчкиот долг и економскиот раст, изјави во неделата грчкиот министер за финансии, Јанис Варуфакис за италијанскиот дневен весник Corriere della Sera.
Новата грчка владата предводена од Алексис Ципрас, челникот на радикалната левица Сириза, победи на предвремените парламентарни избори кон крајот на јануари, ветувајќи дека повторно ќе преговара за програмата за меѓународна финансиска програма од партнерите од Европската унија и од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), која ѝ наложува остри буџетски штедења и сеопфатни економски реформи.
Доколку Брисел би ги одбил грчките предлози, грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис за италијанскиот весник потврди дека „би можело да има проблеми“. „Меѓутоа, како што изјави мојот премиер, не сме зацементирани за нашите фотелји. Можеме да се вратиме на избори, да свикаме референдум“, вели Варуфакис.
Но не појаснува за што би бил распишан референдумот, а веќе во Грција се шпекулира дека пат позицијата со Брисел би ја принудило владата во Атина да организира изјаснување на избирачите дали да се продолжи со прифаќањето на строгите европски мерки и прописи, а тој потег би можело да го доведе во прашање останувањето на Грција во еврозоната.
Варуфакис во истото интервју вели дека партнерите од еврозоната одговараат „со молчење“ на неговите предлози сегашниот долг да се замени со обврзници поврзани со номиналниот раст.
„Би сакал Европа да сфати дека со тоа би вратиле повеќе пари, не помалку“, вели Варуфакис. Грчкиот министер за финансии, чијашто влада во моментов има поддршка над 40 отсто, вели дека „народот разбира“ дека владата се бори „против естаблишментот кој тврдеше дека ја спасува Грција, додека всушност се’ натовари на грбот на сиромашните“.
Варуфакис истакнува и дека државата има пари да ги исплати пензиите и платите во јавната управа, како и дека на Грција не ѝ е потребен третиот заем за да ги плаќа своите сметки./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета од патот. Ова е третата жртва на ужасната сообраќајна несреќа.
Како што објави „Н1“, лицето загинало за време на операцијата.
Како што претходно беше објавено, возачот на автобусот е приведен и во притвор до 48 часа.
Повредени се околу 80 лица. Причините за несреќата засега не се познати.
Регион
Вучиќ: Србија ќе се приклучи на развојот на руската вакцина против рак

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека разговарал со Александар Кецман, директор на Институтот „Гамалеја“ во Москва, кој го информирал дека во Русија се развива вакцина против рак.
„Ми објаснија одредени работи. Имаме голем процент на заболени од рак. Оваа вакцина е поинаква, бидејќи им помага на веќе болните луѓе — не е превентивна. Може да биде успешна до 85 проценти,“ рече Вучиќ.
Тој додаде дека Србија ќе се вклучи во проектот веднаш штом Русија го дозволи тоа:
„Ќе подготвиме целосна инфраструктура за да бидеме спремни за два до три месеци. Не можеме уште да ја произведуваме, но ќе направиме сè за да бидеме подготвени.“
Вучиќ нагласи дека во Србија има повеќе случаи на малигни заболувања отколку во другите земји, што, според него, е поврзано со последиците од бомбардирањето во 1999 година.
Регион
Возачот на автобусот приведен по тешката несреќа кај Сремска Митровица: две жртви и 80 повредени

Возачот на автобусот кој денеска се преврте кај Сремска Митровица е приведен и му е одредено задржување до 48 часа, соопшти српското Министерство за внатрешни работи (МУП), пренесе „Н1“.
Во несреќата загинаа две лица, а околу 80 се повредени. 35 повредени лица се згрижени во Општата болница во Сремска Митровица, една личност е пренесена во Клиничкиот центар на Војводина, а уште една е во операциона сала. За останатите се врши дијагностика.
Автобусот на компанијата „Сирмиум бус“, кој превезувал работници од фирмата „Хелткеар“, излета од патот и се преврте на кров од засега непознати причини. Несреќата се случи околу 14:45 часот.
Полицијата го затвори патот и не дозволува пристап до местото на несреќата, а на лице место излезен е и јавен обвинител за да ја утврди причината за трагедијата.