Црна хроника
Македонец обвинет за милионска измама
Македонецот Јордан Георгиевски кој се товари дека продавал фалсификувани кредитни картички како дел од меѓунардоната криминална организација Кардер, вмешана во кражба на идентитети ширум светот, пред судот во Лас Вегас изјавил дека не е виновен, јавува АП.
Четириесет и едногодишниот Георгиевски е обвинет во јануари 2012 година и му се заканува казна затвор во траење од 40 години.Американските власти тврдат дека Георгиевски е уапсен во Албанија во јули, при обид за влез во Косово и испорачан во САД со ангажирање на американскиот Стејт Депертмент, владата на Австрија, Албанија и Интерпол.Георгиевски пред судиите изјавил дека е наставник и дека е на мастер студии. Судот одлучи Георгиевски да остане во притвор до април, кога треба да почне судењето против него и Андреј Болован, обвинет за истите кривични дела. И Болован изјавил дека не е виновен. Според обвинителството, од 2012 година, во случајот Кардер се обвнети 55 лица, од кои 30 се проглаени за виновни, додека останатите очекуваат судења или се во бегство.Георгиевски е обвинет дека го користел прекарот „Девица“ за време на криминалната операција чии учесници заработиле повеќе од 50 милиони долари. Истрагата за случајот почнала во март 2007 година./крај/онаса
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Трагедија на работното место: 53-годишен скопјанец загина во производствена хала
Работник на 53-годишна возраст загина вчера при извршување работни задачи во производствена хала во фирма кај Новоселски пат.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 12 декември 2025 година во 08:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека С.А. (53) од Скопје се здобил со тешки повреди од машина, по што починал на самото место.
Смртта била констатирана од лекар од Итната медицинска помош, а на местото на настанот бил извршен увид.
Црна хроника
Два случаи на семејно насилство за два дена: сопруги нападнати во Скопје и Штип
Два одвоени случаи на семејно насилство се пријавени во текот на изминатите денови во Скопје и Штип, информираат од Министерството за внатрешни работи.
На 12 декември 2025 година околу 12:00 часот, во Полициската станица Драчево бил извршен службен разговор со Б.А. (68) од Скопје, по претходна пријава дека на 9 декември физички ја нападнал својата 66-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Во вториот случај, на 13 декември 2025 година во 02:00 часот, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода К.Д. (71) од Штип, по пријава дека на 12 декември околу 14:30 часот физички ја нападнал својата 77-годишна сопруга и ѝ упатувал закани. И за овој случај, по целосно документирање, ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Приведен 28-годишен штипјанец: ѝ се заканувал на мајка си, кршел низ домот и ѝ го одзел телефонот
Полициски службеници го приведоа 28-годишниот З.М. од Штип, откако неговата 53-годишна мајка пријавила дека ѝ упатувал закани, оштетил дел од покуќнината и ѝ го одзел мобилниот телефон.
Како што информира полицијата, настанот бил пријавен на 12 декември 2025 година околу 13:40 часот, по што полицијата интервенирала и го привела осомничениот.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Фото: Pexels (илустрација)

