Вести
Светските и регионални сили договорија снабдување со оружје на либиската влада
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/thumb800_624-0-4755-3104_14916000E4C9F067.jpg)
Светските и регионални сили се подготвени да ја снабдат со оружје кревката либиска влада на национално единство, изземајќи ја од ембаргото на Обединетите нации на оружје за оваа Либија, наведоа во заедничката изјава во понеделникот шефовите на дипломатиите по средбата во австриската престолнина Виена.
Меѓународната заедница чии министри се собраа во Виена, во заедничката завршна изјава велат дека „во целост ќе ги поддржи напорите“ на новата либиска вала и дека е „подготвена да одговори на барањето на либиската влада околу обуката и опремувањето на претседателската гарда и дозволените сили“ за таа земја да може поуспешно да се бори против џихадистичката закана.
Декларацијата е потпишана од 25 национални делегации, меѓу нив САД, Русија, Саудиска Арабија, Кина, Египет, Тунис, Франција, Велика Британија , Германија и Италија.
„Јакнењето на сигурноста и одбраната на земјата од тероризам мора да биде задачата на обединетите и силни национални безбедносни сили“, велат министрите за надворешни работи.
Ембаргото за оружје на Либија беше воведен во 2011 година.
Либија во моментов се смета како една од главните територии за експанзијата на Исламската држава во Северна Африка, којашто користејќи го хаосот во оваа земја по соборувањето на деценискиот либиски челник Моамер ел-Гадафи во 2011 година, се етаблираше на нејзината територија. Таа во моментов го контролира големиот град Сирт и голем дел од медитеранското крајбрежје. Американското и руското разузнавање проценуваат дека во Либија моментално има повеќе од шест илјади џихадисти, и оти Исламската држава откако започна да губи територии на Блискиот исток во прв ред во Сирија, ги префрла своите борци во Либија користејќи ја тамошната хаотична политичка ситуација.
Вакуумот во власта во Либија по револуцијата настана по создавањето на двете ривалски влади кон средината на 2014 година, што резултираше со постојана внатрешна нестабилност поради судирите за превласт на поранешните различни бунтовнички групи. Така се јави двовластието, од една страна избраниот на општите избори парламент кој заседаваше во источниот град Тобрук, а на другата происламскиот Генерален национален конгрес во чие седиште беше во главниот град Триполи.
Сегашната влада на националното единство, коешто го води Фајез ал-Саррај има седиште во Триполи и поддршка од меѓународната заедница. Ал-Саррај, исто така присуствуваше на состанокот во Виена.
„Прашањето е дали ќе се шири тероризмот, криумчарењето и нестабилноста во оваа земја во близина на Европа или новата влада ќе биде способна да ка врати стабилноста и смислата на националното единство. Во овој момент тоа сé уште е отворено прашање“, изјави за агенцијата DPA, шефот на германската дипломатија Франк-Валтер Шрајнамер пред почетокот на виенската средба./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/gaza32.jpg)
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/борел-миа.jpg)
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/антонио-гутереш.jpg)
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.