Контакт

Вести

Клинтон во трката за Белата куќа ќе се бори за обичните Американци, можеби со најскапа кампања

Објавено пред

Поранешната државна секретарка и прва дама на САД, Хилари Клинтон, вети во неделата навечер дека ќе се бори за обичните Американци, тргнувајќи во долго најавуваната втора трка за Белата куќа, како најсериозен кандидат за добивање на номинацијата на Демократската партија за изборите во 2016 година, а американските медиуми истакнуваат дека нејзината кампања може да биде најскапата во историјата.

dobivaj vesti na viber

„На обичните Американци им е потребен нивен заговорник. Сакам да бидам тој заговорник. Американците успеаја да ја победат тешката економска криза, но најсилните карти и натаму ги држат оние кои се на врвот“, изјави Хилари Клинтон во видео пораката објавена на интернет, пренесува Reuters.

Хилари Клинтон, која во својот прв обид да ја добие претседателска номинација од Демократската партија беше поразена од актуелниот претседател Барак Обама во 2008 година кога го освои својот прв мандат а потоа ја именуваше за државен секретар, многу скоро ќе отпатува за сојузната држава Ајова, првата во која на почетокот од 2016 година ќе се одржат партиските предизбори.

„Сега е и официјално: Хилари се кандидира за претседателка“, изјави нејзиниот советник Џон Подеста во електронската порака испратена до приврзаниците на нејзината неуспешна номинација во 2008 година.

Многумина сметаат дека тогашната нејзина номинација повеќе беше во цел да му даде тежина на Барак Обама кој тогаш стана првиот црн претседател на САД, а откако го прескокна периодот на големите геополитички разместувања на планетата, сега таа ќе се обиде да стане првата претседателка во историјата на Соединетите држави.

Нејзината кампања за претстојните избори кои ќе се одржат во ноември 2016 година, ќе биде фокусирана на борбата против економската нееднаквост, како и на нејзината желба да стане првата жена на чело на САД и да влезе во историјата, велат нејзините советници.

Меѓутоа, според аналитичарите, имајќи предвид дека повеќе децении е во фокусот на јавноста, прво како сопруга на поранешниот американски претседател Бил Клинтон, потоа како сенаторка и на крајот како државна секретарка, таа мора повеќе да се концентрира на приближувње до обичните луѓе, нејзините потенцијални избирачи.

Но, нејзината кампања може да биде и најскапата во историјата, пишува The New York Times. „Оваа кампања започнува во мали обрти, о голема е веројатноста да стане најскапата од сите претседателски кампањи“, се наведува во коментарот. Се истакнува дека „Клинтон и нејзините поддржувачи сметаат да соберат околу 2,5 милијарди долари“.

Ставањето на дигиталните комуникации во прв план претставува обид да се поврзе со младите избирачи, коишто ѝ се потребни на Клинтон за да стане првата претседателка во историјата на САД, е делумно и поради тоа што во 2008 година Обама во неговата кампања ги користеше социјалните медиуми за привлекување на вниманието кон неговата кандидатура и собирање големи парични износи преку мали донации.

The New York Times е убеден дека Клинтон ужива „голема поддршка кај демократите“. „Дел од тој ентузијазам е поврзан со можноста да се учествува во креирањето на историјата, односно првпат жена да биде избрана за претседател на САД“, се вели уште во написот. Истовремено се укажува на „недостигот од алтернативни кандидати на (Демократската) партија, кои имаат цел да ја задржат Белата куќа, откако републиканците ја преземаа контролата во Конгресот“.

Многу американски демократи со нетрпение го очекуваа нејзиното номинирање, а резултатите од истражувањето на јавното мнение покажуваат дека е во голема предност пред другите потенцијални демократски противници. Анкетата на Reuters Ipsos покажува дека Клинтон ја поддржуваат повеќе од 60 отсто од демократите.

Меѓутоа, имајќи предвид дека повеќе децении е во фокусот на јавноста, во прв ред како поранешна сопруга на поранешниот 42-ри претседател Бил Клинтон, во двата мандата од 1993 до 2001 година, потоа како сенаторка и на крајот како државна секретарка, Хилари би требало повеќе да се насочи кон приближувањето на обичните мали луѓе, кои се нејзини потенцијални гласачи, сметаат аналитичарите.

Уште пред официјалното објавување на номинацијата на Клинтон, нејзините потенцијални републикански противкандидати жестоко ја нападнаа. Поранешниот гувернер на Флорида, Џеб Буш, ја критикуваше пореди водењето на американската надворешна политика, додека беше шефица на дипломатијата. „Потребена ни е подобра надворешна политика од онаа на двоецот Обама – Клинтон којашто им наштети на односите со нашите сојузници и ги зајакна нашите непријатели“, порача Буш.

Републиканскиот сенатор од Кентаки, Ранд Пол, за кого се смета дека е фаворит во својата партија за претседателската номинација, изјави дека она што го демонстрирала Хилари Клинтон во текот на мандатот на државна секретарка, ја доведува во прашање нејзината квалификуваност за функцијата шеф на државата. Пол одново ја критикуваше нејзината реакција пред и по нападот врз американскиот конзулат во либиски Бенгази во 2012-та и неодамнешните странски донации на хуманитарната Фондација што ја основа заедно со сопругот Бил Клинтон. Фондацијата Клинтон прифаќала донации од земји како што е Саудиска Арабија (којашто се смета за спонзор на ултраконзервативните исламски движење низ светот), „поради што тешко може да се верува дека таа (Хилари) е искрена“, рече сенаторот Пол. „Рекоа дека нема да примаат донации за Фондацијата Клинтон додека таа е државна секретарка, а се поставува прашањето дали тоа навистина го правеле“, додаде./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

(Видео) Во потрага по храна, мечка се качи на тераса од семејна куќа во Тетовско

Мечка се качила на тераса од семејна куќа во тетовското село Отуње. Членовите на семејството биле во внатрешноста на куќата,...

Македонија9 часа

Голема акција на Финансиската полиција: уапсени седум лица за даночни измами и перење пари, го оштетиле буџетот за 430 милиони денари

По двегодишна опсежна предистражна постапка, во текот на денешниот ден Управата за финансиска полиција спроведе акција во која беа извршени...

Македонија10 часа

Предложен притвор за таткото што тепаше играчи на фудбалскиот натпревар во Штип

Основното јавно обвинителство Штип денеска поведе итна постапка против едно лице за кривично дело – Насилство. Осомничениот извршил грубо насилство...

Свет11 часа

Застрашувачки снимки од напад врз болница во Газа, меѓу загинатите има и новинари

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“ во градот Кан Јунис во...

Македонија11 часа

Поскапуваат бензините и дизелот

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина и за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика,...

Македонија12 часа

Алиу на средба со д-р Кедев: Сите што имаат информација за евентуални неправилности да се обратат до Министерството

Министерот за здравство Азир Алиу денеска оствари средба со д-р Сашко Кедев, на која беа разменети информации во врска со...

Македонија12 часа

Зеленски: Украина високо ја цени непоколебливата солидарност на Северна Македонија во поддршка на нашата слобода

Украина високо ги цени непоколебливата солидарност и силниот глас на Северна Македонија во поддршка на нашата слобода, достоинството и правото...

Топ13 часа

Тешко повредена жена во Автокоманда, маж ја удрил во главата со гајба полна со стаклени шишиња

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка...

Европа16 часа

Русија уништи 21 украински дрон во текот на ноќта, два летаа кон Москва

Руските одбранбени единици уништија 21 украински дрон во текот на ноќта, објави руската државна новинска агенција, повикувајќи се на податоци...

Свет17 часа

Канада отворена за испраќање мировни сили во Украина

Канадскиот премиер Марк Карни му рече вчера на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека ги поддржува барањата на Украина за силни...

Европа17 часа

Мерц: Никој повеќе не треба да има илузии, Германија е во структурна криза

Германскиот канцелар Фридрих Мерц призна дека справувањето со економските предизвици се покажува како многу поголем предизвик отколку што првично очекувал....

Македонија17 часа

На Табановце за излез од државата се чека 30-ина минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е...

Македонија1 ден

Вкупно девет пожари на отворен простор, активен еден, а два се под контрола

На територијата на државата денеска до 18:00 часот имало вкупно девет пожари на отворен простор, од кои еден е активен,...

Свет1 ден

Лавров ги соопшти условите на Русија за постигнување мир во Украина

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска ги изложи клучните услови на Русија за постигнување мир во Украина, предлагајќи...

Македонија1 ден

Мицкоски очекува историска победа на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори, приоритет ќе биде хигиената во Скопје

Она што го направи ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата овие два дена, претставува, навистина, новитет на политичката сцена во Македонија. Добро е...

Топ1 ден

Во возило откриени 15 мигранти од Египет и Сирија

Вкупно 15 мигранти од Египет и Сирија се пронајдени синоќа во возило на регионалниот пат Богданци–Гевгелија, на место викано „Македонија...

Регион1 ден

Вучиќ најави намалување на цените на јајцата, зеленчукот, овошјето, млечните производи…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави денеска дека од идната недела ќе се ограничат маржите во трговските синџири, што ќе...

Свет1 ден

Палестински камерман убиен во појасот Газа

Палестинската новинска агенција (ВАФА) објави дека израелските војници убиле палестински камерман во северниот дел на Појасот Газа. Камерманот Калед ал...

Македонија2 дена

Пратениците се одморија, од утре почнуваат со редовни активности во Собранието

Пратениците од утре официјално почнуваат со работа по годишниот одмор. Претседателот на Собранието, Африм Гаши за утре закажа неформална средба...

Свет2 дена

Зеленски вели дека постои вистинска можност да заврши војната во Украина

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски синоќа најави дека следните денови ќе бидат готови безбедносните гаранции за неговата земја. Тој, по...