Вести
Иран го предупреди Западот да не претерува со притисокот

САД и другите западни сили не смеат да вршат претеран притисок врз Техеран доколку сакаат да биде постигнат договор за намалување на иранската нуклеарна програма, изјави во петокот иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавид Зариф коментирајќи ја пораката на американскиот претседател Барак Обама.
Претходно во специјална видео порака упатена до иранскиот народ и неговото раководство, американскиот претседател Барак Обама изјави дека мора да избираат меѓу продолжувањето на изолираноста, доколку го одбија планираниот договор, и можноста за подобра економска иднина на земјата, ако се согласат на договорот.
„Иранците веќе избраа: преговараат достоинствено. Крајно време е САД со сојузниците да изберат: сакаат притисок или договор“, напиша на Twitter шефот на иранската дипломатија Мохамад Џавад Зариф од швајцарскиот град Лозана во кој се водат преговорите со шесте светски сили, а особено тој водеше низа билатерални разговори со американскиот државен секретар Џон Кери.
Петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН, САД, Русија, Велика Британија, Франција плус Германија преговараат со Иран за долгорочен договор за намалување на цивилната нуклеарна програма за да му се оневозможи евентуално да дојде до нуклеарно оружје, иако Техеран упорно цела деценија тврди дека нема таква намера и дека збогатувањето ураниум му е потребно за производство на електрична енергија и во медицински истражувања. Доколку биде постигнат договорот до крајот на март, Западот постепено ќе започне со ублажување на санкциите.
Обама во својата порака рече и дека оваа година претставува „најдобра можност во неколку децении“ да се воспостават нови односи меѓу двете земји. Нагласи дека на нуклеарните преговори меѓу западните сили и Иран е постигнат напредок, но дека остануваат разлики.
„Ваква можност можеби нема наскоро да се укаже.“, рече Обама во пораката по повод прославата на иранската Нова година Новруз. (21-ви март).
Американскиот претседател порача дека следните „денови и седмици ќе бидат критични“. „Нашите преговори постигнаа напредок, но остануваат разликите. А има и луѓе, во двете земји и во други земји, кои се спротитставуваат на дипломатското решение. Мојата порака до вас, иранскиот народ, е дека заедно мораме да се заложиме за иднината каква што ја посекуваме. . Оваа година претставува најдобра можности во повеќе децении за воспоставување на новите односи меѓу двете земји“, додаде Обама./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.