Црна хроника
Жител на Богданци претепан и ограбен на Скопско Кале

Жител на Богданци бил претепан и ограбен во близина на Скопско Кале, соопшти полицијата.
Според истиот извор, настанот се случил во петокот во Скопје на улица Самоилова, кога непознато лице извршило разбојништво над Б.С.(58) од Богданци на тој начин што додека тој се движел низ Старата скопска чаршија, забележал дека го следело лицето, кое претходно го видел во казино. Кога пристигнал во близина на Скопското Кале, непознатото лице физички го нападнало удирајќи го со тупаници во пределот на главата, а потоа од џебот од панталоните му одзело 10.000 денари, го турнало на земја и избегало.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Полицијата го расчисти случајот во кој беа нападнати двајца малолетници, напаѓачите уапсени

Секторот за внатрешни работи Тетово го расчисти случајот во кој во текот на вчерашниот ден (03.09.2025) во Тетово беа физички нападнати двајца малолетници.
На 03.09.2025 во 22:30 часот на улица „Прилепска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Н.Ќ.(20) од Тетово, на 04.09.2025 година во 12:10 часот на улица ,,Илинденска” го лишија од слобода Д.Д.(23) од с.Радиовце, а исто така, извршен е службен разговор со 16 малолетници.
Тие се сомничат дека околу 18:00 часот на улица „Благоја Тоска“ во Тетово во група, физички нападнале 17-годишник и 15-годишник, двајцата од с.Доброште, општина Теарце, кои излегувале од средно училиште.
Имено, според пријавеното од нивните родители Ќ.Е.(50) и Х.И.(43) од село Доброште, нивните синови биле со уште еден малолетник, кој успеал да избега, а членовите на групата биле навивачи на тетовски фудбалски клуб.
По нападот, двајцата малолетници биле пренесени во тетовската клиничка болница за укажување на лекарска помош. По документирање на случајот, во содејство со јавен обвинител, против напаѓаачите ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Црна хроника
Tри девојчиња нападнале 15-годишна тинејџерка во Карпош

Во Карпош пред два дена, 15-годишно девојче било нападнато од три малолетнички, информира СВР Скопје.
Инцидентот бил пријавен в од страна на нејзината мајка.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и утврдување на сите околности.
Во истата скопска општина, вчера бил пријавен и случај со насилство врз 10-годишно момче во основно училиште.
Црна хроника
Жена се повредила додека влегувала во лифтот во МРТ

Вчера во Градската општа болница Св.Наум Охридски била донесена Е.Т.(52) од Скопје.
Според информацијата од полицискиот билтен, жената се здобила со тешки телесни повреди при влегување во лифт во зградата на МРТВ.
За настанот бил известен трудов инспектор.