Црна хроника
Кривична пријава за жител на Велешта кој му зарил нож во нозете на соселанец
Охридската полиција поднесе кривична пријава за тешка телесна повреда против жител на струшкото село Велешта, кој му зарил нож во нозете на соселанец со кого претходно се карале и тепале.
Инцидентот се случил на 1 мај во центарот на селото додека двајцата соселани се разминувале со возила. Откако ги запреле, дваесет и седумгодишниот жител на Велешта излегол од автомобилот и со нож го нападнал дваесет и едногодишниот соселанец. Му го забил сечивото најпрвин во левата, а потоа во десната надколеница , нанесувајќи му рани во ширина од осум и пет сантиметри. Напаѓачот веднаш избегал од местото на инцидентот и го оставил повредениот облеан во крв. Повредениот бил однесен во општата болница во Струга, каде со операција му биле санирани повредите опасни по неговиот живот.Нетрпеливоста меѓу двајцата соселани траела подолго време бидејќи повредениот се сомневал дека напаѓачот извршил кражба од неговиот плац за моторни возила кај селото Долна Белица. Двајцата често се карале, а најжестоката расправија се случила на 30-ти април минатиот месец, кога двајцата си упатиле вербални навреди, а потоа и физички се пресметале. Во оваа караница се вклучиле и членови на нивните семејства. Против учесниците во тепачката поднесени се пријави и изречени им се парични глоби за учество во тепачка. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кавадарчанец удирал сограѓанин со пиштол по главата
Денеска во 02.00 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода С.Б.(44) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека на ул.„Ѓорѓи Соколов“ во Кавадарци, по кратка расправија, физички го нападнал Б.Ч.(32) од Кавадарци и го удирал со пиштол по главата.
С.Б. бил приведен во полициска станица, а пиштолот бил одземен.
Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Контролор на ЈСП Скопје претепан во автобус
Вчера во 19.20 часот во СВР Скопје, С.А.(44) од Скопје пријавил дека во 19.02 часот на работното место како контролор во автобус на ЈСП Скопје на подрачјето на Центар бил физички нападнат од едно машко лице кое немало билет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Уапсени тројца кумановци: биле барани по потерница за издржување казна затвор за тешка кражба
Вчера во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода 32-годишниот О.Ј., 36-годишниот Г.Н. и 29-годишниот Ѓ.М. од Куманово, кои биле барани по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна за сторени кривични дела „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.
Тие биле спроведени во Казнено – поправна установа Затвор К’шање за издржување на казната.