Црна хроника
Се обиделе да прошверцуват околу два килограми марихуана од Албанија

Две лица, едниот албански државјанин, се обиделе да прошверцуваат речиси два килограми марихуана од Албанија во Македонија. Едниот од нив успеал да избега, додека албанскиот државјанин е приведен, а дрогата која ја фрлиле бегајќи била најдена во нива во дебарско.
Шверцерите биле забележани сокриени во близина на регионалниот пат кој води од граничниот премин Блато кон Дебар. Кога ја виделе полицијата почнале да бегаат, едниот кон Албанија, а другиот кон селото Шулан, дебарско кое се наоѓа во близина на границата меѓу Македонија и Албанија.Албанската полиција успеала да го уапси еден од шверцерите кој побегнал кон Албанија, додека другиот изгеалВодејќи се од трагите коишто ги направиле на снегот, полицајците ја нашле дрогата во нива во атарот на селото Бањиште во меѓа обрасната со ниско стеблеста шума.Дрогата била спакувана во бела јутена вреќа во која имало две најлонски кеси обвиткани со самолеплива трака.Против шверцерите е поднесена кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги./крај/мвр
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Возило на 26-годишник оштетено од неколку проектили од огнено оружје: полицијата го расчистува случајот

Вчера околу 21:20 часот во СВР Скопје, 26-годишниот Ш.Ј. од село Крушопек, општина Сарај, пријави дека на паркинг простор пред угостителски објект во село Лака, скопско, неговото паркирано патничко возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки било оштетено од неколку проектили од огнено оружје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредена 29-годишна жена од Битолско по пад од трактор

Вчера во 19:20 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Р-2333 Битола-Драгош, на крстосница за село Барешани, додека 30-годишниот Р.М. од село Острец, битолско, управувал трактор „тафе“ со приколка, неговата сопатничка У.М.(29) од истото село, паднала од тракторот, при што се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола.
Црна хроника
14-годишник нападнат на трим-патека во Кисела Вода од повеќе малолетници

Вчера во 14:30 часот во СВР Скопје, 54-годишниот Д.Х. од Скопје пријави дека на 09.08.2025 околу 22:30 часот на трим патека на подрачје на Кисела Вода во Скопје, неговиот 14-годишен син, додека бил со неговиот брат и другарка, по претходна расправија, бил физички нападнат од повеќе малолетници, кои ги познава и кои носеле и метални предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот