Спорт
Молк и разочарување во Париз
Молк и разочарување владее на „Паркот на принцовите“ во елиминацијата од Лигата на шампионите. ПСЖ во осмина-финалето е поразен во двата натпревари од Реал, 3:1 пред три недели и 2:1 синоќа во Париз.
Сопствениците на ПСЖ вложија вистинско богатство за …


Молк и разочарување владее на „Паркот на принцовите“ во елиминацијата од Лигата на шампионите. ПСЖ во осмина-финалето е поразен во двата натпревари од Реал, 3:1 пред три недели и 2:1 синоќа во Париз.
Сопствениците на ПСЖ вложија вистинско богатство за да конструираат тим кој не само што ќе биде конкурентен туку и ќе ја освои титулата во Лигата на шампионите бидејќи трофеите во Франција не се сатисфакција.
Веројтно прв кој ќе го плати цехот е тренерот Унаи Емери, а такво нешто веќе спомна претседателот Насер Ал-Келаифи.
„Под знак прашалник е и работата на тренерот…Но сега не е време и место за критики. Ќе разговараме со играчите. Денес не сакам да реагирам, но сите сме многу разочарани и вознемирени. Треба малку да се средиме со мислите, а потоа ќе ги влечеме наредните потези“, рекол Ал-Келаифи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Конте ќе остане во Наполи

Додека во Наполи се уште трае еуфоријата поради освојувањето на Скудетото, навивачите во градот под Везув добија уште една вест која дополнително ќе ја подигне еуфоријата.
Откако Антонио Конте ја врати титулата во Неапол, во трка со фото-финиш со Интер, гласините дека ќе го напушти клубот и ќе се врати во „својот“ Јувентус стануваа сè погласни.
Дури и во Торино почнаа да подготвуваат терен за неговото враќање, но сопственикот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, имаше други планови.
Во четврток вечерта се одржа состанок на кој Конте се согласил да ги Наполитанците кон одбрана на тронот, како и во Лигата на шампионите.
Првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис задоволен од исходот на преговорите по завршувањето на состанокот дури и му ја отвори вратата од автомобилот на Конте.
#SerieA | @sscnapoli, terminato l'incontro tra #Conte e la dirigenza: l'allenatore ha confermato la volontà di restare e si è iniziato a parlare di programmi per la prossima stagione. @SkySport pic.twitter.com/s0rWBvv8Y5
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) May 29, 2025
Договорените услови сè уште не се познати, но сигурно е дека Конте повторно ќе добие сериозен буџет за трансфери.
Прв на неговиот список е Кевин де Брујне, кој треба да пристигне како слободен агент од Манчестер Сити.
Наводно, Белгиецот веќе одбрал куќа во Неапол.
Покрај Де Брујне се шпекулира дека во клубот, исто така како слободен играч ќе пристигне напаѓачот на Лил, Џонатан Дејвид.
Минатото лето, Конте имаше на располагање 150.000.000 евра, тогаш во клубот пристигнаа Скот Мектомини, Алесандро Бонџорно, Ромелу Лукаку, Давид Нерес, Били Гилмур и Рафа Марин.
Спорт
(Видео) Брансон ја запре Индијана – Њујорк намали на 2:3 во серијата

Кошаркарите на Њујорк намали на 3-2 против Индијана во финалето на плејофот од Источната конференција на НБА лигата, бидејќи победија со 111:94 во петтиот натпревар.
Њујорк ја оствари својата прва победа на домашен терен во оваа финална серија и ќе се обиде да стане 14-тиот тим во историјата на лигата што ќе направи пресврт во серијата откако губеше со 1-3.
Ниту еден тим досега не победил во финале на конференцијата откако ги загубил првите два натпревари дома.
Џејлен Бренсон ги предводеше Никс со 32 поени, пет скока и пет асистенции, неговиот 21-ви натпревар од плејофот во кој постигна најмалку 30 поени за Њујорк. Карл-Ентони Таунс додаде 24 поени и 13 скока, а Џош Харт имаше 12 поени, 10 скока и четири асистенции. Мајкл Бриџис придонесе за победата со 12 поени и пет асистенции, а О Џи Ануноби со 11 поени.
Во тимот на Индијана, Бенедикт Матурин беше најефикасен со 23 поени и девет скока, Паскал Сиакам постигна 15 поени, со шест скока, пет асистенции и три украдени топки, а Оби Топин додаде 11 поени.
Главната причина за победата на Никс беше тоа што го запреа Тајрис Халибартон, кој го заврши натпреварот со осум поени и шест асистенции, во споредба со претходниот дуел во кој имаше 32 поени, 15 асистенции и 12 скока.
Следниот шести натпревар се игра ноќта помеѓу сабота и недела во Индијанаполис.
Оклахома Сити Тандер, шампиони на Западот, го чекаат победникот во големото финале.
Спорт
Риека ја освои двојната круна и му донесе на Динамо 20 милиони евра

Риека ја круниса неверојатна сезона со освојување на двојната круна во Хрватска.
Пред само пред четири дена, овој клуб ја освои втората шампионска титула во историјата, а сега го освои и Купот.Во вториот натпревар од финалето на Купот на Хрватска, Риека победи против Славен со 1:0, што беше доволно за трофејот, бидејќи првата средба во Копривница заврши нерешено (1:1).
Дуелот во Риека не беше претерано интересен, а го реши еден гол, оној на Французинот Наис Џуаре во 60-та минута. На крајот од натпреварот стана доста жесток, Менало беше исклучен во 87-та минута поради вториот жолт картон, но домашните издржаа и спречија продолженија.
Илија Несторовски го одигра целиот натпревар за Славен, додека Јован Манев мечот го гледаше од клупата за резерви кај Риека.
Динамо Загреб исто така се радуваше на овој исход. Победата на Риека им овозможи на „модрите“ директен пласман во Лига Европа. Динамо има најдобар клупски коефициент од сите квалификанти.
Доколку Славен го освоеше хрватскиот Куп, „сините“ ќе се префрлеа во Конференциската лига, и тоа од втората квалификациска рунда.
Индиректно, со освојувањето на Купот, Риека му обезбеди на Динамо проектирана добивка од околу 20 милиони евра.