Црна хроника
Во Скопје 10 сообраќајки и десетмина повредени
Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Скопје се случиле 10 сообраќајни незгоди од кои шест со телесни повреди и четири со материјална штета. При сообраќајните незгоди 10 лица се здобиле со лесни телесни повреди, 15 возачи се санкционирани бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената.
Исто така, 15 возачи се исклучени од сообраќајот бидејќи дванаесетмина од нив управувале возила пред да се стекнат со право за управување моторно возило, додека тројца биле возачи почетници. Од сообраќај исклучени се 11 возила бидејќи биле нерегистрирани. Пет возачи се санкционирани бидејќи поминале крстосница на црвено светло, двајца – поради неправилно престројување и четворица поради непоседување пропишана зимска опрема во возилата.
Во однос на пешаците, четворица пешаци се санкционирани бидејќи поминале коловоз надвор од пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 113 мандатни платни налози, додека 81 возила се подигнати со „пајак”.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со четирицикл удрил во ѕид од куќа: тешко повреден скопјанец
Ноќеска во 21:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„4“ во с.Стајковци, скопско, Г.Р.(71) од Скопје, управувајќи четирицикл со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во ѕид од куќа.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Охриѓанец го претепал татка си
Синоќа во 21:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека Д.Б. од Охрид во семејниот дом физички го нападнал неговиот татко.
По целосно документирање на настанот, против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
Црна хроника
Уапсени двајца тетовци: истепале полицајци, а кај едниот пронајдена марихуана
Денеска во 00:30 часот на улица „Христијан Тодоровски Kарпош“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишија од слобода М.Л.(33) и Х.Ш.(24), двајцата од Тетово, затоа што физички нападнале полициски службеници кои извршувале службени дејствија и зато ашто при преглед кај нив, кај М.Л. е пронајдена марихуана.
Потоа, во куќата и помошни простории на М.Л., со негова дозвола, извршен е претрес, при што се пронајдени 18 марихуана.
Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави по член 215 и член 383 од Кривичниот законик.

