Спорт
Нов проект на ФФМ и Федерацијата за училишен спорт
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Илчо Ѓорѓиоски и претседателот на Федерацијата на училишен спорт на Македонија (ФУСМ), Александар Туфекџиоски на прес конференција го најавија новиот заеднички грасрут проект – Фудбал в…

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Илчо Ѓорѓиоски и претседателот на Федерацијата на училишен спорт на Македонија (ФУСМ), Александар Туфекџиоски на прес конференција го најавија новиот заеднички грасрут проект – Фудбал во Училишта.
Со цел да ја подигнеме свеста за фудбалот и спортот воопшто меѓу најмладите, ФФМ и ФУСМ започнуваат со реализација на овој заеднички проект.
Новиот проект за училишен фудбал им овозможува на децата од основните училишта да бидат дел од спортски настани и проекти наменети само за нивната возрасна категорија. Проектот на ФФМ и ФУСМ и целите предвидени во него се направени по низа анализи, дискусии, состаноци и консултации со стручни лица кои се предвидени да бидат дел од овој значаен проект.
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија на прес-конференцијата по потпишувањето на договорот со Федерацијата за Училишен спорт на Македонија го нагласи значењето на овој проект и ја потенцираше заложбата на ФФМ за вложувања во младинскиот фудбал.
„Овој проект на Фудбалската Федерација на Македонија и на Федерацијат за училишен спорт ќе се имплементира во периодот од март, 2018 г до мај, 2020 г. Ќе се одвива во три фази, од кои првата започнува сега и ќе трае до мај, 2018 г. Во првата фаза ќе бидат опфатени момчиња и девојчиња од второ до петто одделение од 40 основни училишта од 10 општини во Македонија вкличувајќи 6000 деца. Во втората фаза ќе бидат опфатени 10.000 деца од 80 училишта, додека пак со третата фаза се очекува да бидат вклучени 120 училишта што претставува една третина од основните училишта во Македонија, броејки до 15.000 деца. Ова е вредна иницијатива, им благодарам на луѓето од Федерацијата на Училишен спорт на Македонија за подршката, на овој начин водиме грижа за нашата база која се надеваме дека ќе се зголеми преку овој проект. Ќе направиме се што е во наша моќ овој проект да биде во вистинска смисла – Училишен фудбал“, рече Илчо Ѓорѓиоски.
„Многу сме задоволни што го почнуваме овој проект со Фудбалската федерација на Македонија која е најголемата спортска организација во Македонија. Ние како Федерација на училишен спорт веќе направивме подготовки и анализи за да се овозможат услови за почеток на проектот, и можам да истакнам дека интересот кај училишниот кадар во училиштата каде ќе се имплементира проектот е огоромен и со нетрпение се очекува негово отпочнување. Натпреварите ќе се одигруваат во две категории, второ и трето одделение ќе играат 5 на 5, додека четврто и петто оделение ќе играат 8 на 8. Во првата фаза ќе има вкупно 27 натпревари, а опфатени се 10 оспштини од три региони во Македонија“, истакна Александар Туфекџиоски.
На крајот од прес конференцијата беше потпишан договор за соработка помеѓу Фудбалската федерација на Македонија и Федерацијата за училишен спорт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Столе одличен, Валенсија го победи Леванте
Фудбалерите на Валенсија го победија Леванте во градското дерби со 2:0 (0:0) во рамките на 24-то коло од шпанската Ла Лига.
„Лилјаците“, со победата кај градскиот ривал избегаа од опасната зона, сега се 14-ти, а во исто време го турнаа Леванте во бездната. Леванте се претпоследни на табелата со 18 поени.
Македонскиот репрезентативец, Столе Димитиревски, имаше впечатлив настап, успеа да ја одбрани својата мрежа.
Главни протагонисти на победата на Валенсија беа Белгиецот Ларџи Рамазани и Умар Садик.
Прво, белгискиот напаѓач постигна прекрасен гол во 64-та минута за водство на гостите, а потоа Умар Садик стави тошка на победата.
Foto/ EPA
Спорт
МЗТ лесно до нов трофеј во Купот на Македонија
МЗТ Скопје го одбрани пехарот во Купот на Македонија. Во финалето на завршниот турнир, МЗТ лесно го победи домаќинот Куманово со 96:70. Екипата од Аеродорм го освои четвртиот трофеј во низа, вкупни 14-ти во клупската историја.
Финалноот меч за трофејот не донесе ниту трошка неизвесност. МЗТ од почетокот се наметна на теренот, на стартото на вториот период стекна двоцифрена предност, која потоа само растеше. Највисоките +25, МЗТ ги достигна во средишницата на третиот период.
Меквин со 23 поен и Гил со 17 поени го предводеа МЗТ до трофејот во Купот. Кај Кумановоа Митевски, Ѓуроски и Луковиќ постигнаа по 13 поени.
Foto/ mkd.basketball
Спорт
Стрем е кралица на ски скоковите, Ника Превц леташе до бронзата
Норвешката ски-скокачка Ана Одине Стрем стана двократна олимписка шампионка, откако победи и на големата сколаница на Игрите во Милано и Кортина. Словенката Ника Превц, која важеше за главен фаворит пред Олимписките игри, мораше да се задоволи со бронзениот медал.
Стрем стана првата олимписка шампионка на големата скокалница, бидејќи никогаш порано немало две дисциплини за жени на Олимписките игри. Првите скокови во женска конкуренција се одржаа на Игрите во Сочи во 2014 година.
Сега двократната олимписка шампионка го освои своето второ злато со 284,8 поени, по скокови од 130,5 и 132 метри. Еирин Марије Квандал ѝ донесе на Норвешка двоен триумф со 282,7, додека Ника го заврши натпреварувањето со 271,5 поени.
Младата Словачка немаше среќа со условите за време на првиот скок, но во втората серија успеа да се подобри и да освои уште еден медал.
Ника ги завршува Зимските олимписки игри во Милано и Кортина со по едно злато, едно сребро и една бронза. Таа освои злато во екипна конкуренција, сребро на малата скокалница и бронза, како што веќе споменавме, на голема скокалница.
Постариот брат на Ника, Домен, додаде злато на големата скокалница во семејната колекција, и има шанса дополнително да го зголеми бројот на медали, бидејќи следува натпреварот во екипна конкуренција.
Foto/ EPA

