Македонија
Македонија треба да им исплати 87 илјади евра на граѓани што ја тужеле државата пред Стразбур

Во 2017 година пресудите и одлуките на Европскиот суд за човекови права против Македонија државата ја чинеле 87.530 евра. Според информациите што „Макфакс“ ги доби од Бирото за застапување на Р. Македонија пред Европскиот суд за човекови права, во 2017 година највисоката сума досудена за одлука за пријателско спогодување е 9.000 евра и се однесува на предметот „Неат Еминов против Македонија“, а во врска со правото на живот и правото на ефективен правен лек.
Во споредба со со 2016 година, кога биле досудени 102.870 евра, лани сумата е нешто пониска. Според податоците на Бирото, за 2017 година за пријателско спогодување досудени се 23.450 евра. Статистиката покажува дека судовите најмногу повреди направиле на членот 6 од Конвенцијата, која се однесува на правото на правична постапка. Од Бирото не доставија податоци за спогодбеното решавање предмети меѓу тужителите и државата бидејќи преговорите, како што велат, се од доверлив карактер. Владата на речиси секоја седница има поставено точка на дневен ред на која се разгледува случај за спогодбено решавање на предмет од Стразбур, кој се води против државата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода делови од Центар и Аеродром

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата Питу Гули бб, општина Центар (во близина на Тинекс), прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици: Питу Гули, дел од Загребска, Ганчо Хаџипанзов, Капештец, Димитар Пандилов, Караорман, висока зона Козле и Ловќенска-крак 1,3,5 и 7.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Денеска поради уличен дефект на 3-та Македонска Бригада бб, прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на Вива, Метро, Центро, Спорт М и Форд, во општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Делови од Аеродром, Центар и Ѓорче Петров денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на дел од село Долно Лисиче.(општина Аеродром)
· во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на објектите спроти Ист Гејт населба Крњево.(општина Центар)
· во периодот од 08.10 до 12.00 часот, корисниците од улица Божидар Рајковиќ, дел од ул. Горноврановска и дел од улицата Горно Лисиче (општина Аеродром)
· во периодот од 08.10 до 16.00 часот, корисниците на улиците Ибе Паликуќа, Воин Драшкоци, Веле Марков (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Претежно облачно со повремен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите насекаде ќе престанат. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Од четврток времето ќе биде стабилно и суво со слаб до умерен северен ветер. Дневната температура ќе биде во пораст.