Забава
(Видео) Фотограф случајно забележал вртоглаво слетување на авион

Фотограф од медиумската куќа Си-би-ес забележал тензична сцена која во петокот се одвивала на меѓународниот аеродром „Рели-Дарам“ во Северна Каролина.
Имено, пилот на авион на компанијата „Делта“, кој бил полн со патници, се обидувал да се справи со силниот ветер при слетувањето. Леталото силно се нишало поради ветрот, сè додека со еден дел не ја допрело пистата, а потоа безбедно се спуштило на земја.
Портпаролот на аеродромот изјавил дека имало неколку доцнења и одложувања на летови во текот на тој ден, но дека тоа не било поради ветрот, ниту, пак, поради непогодни временски услови, објави Си-би-ес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Трамп наметна царини за пингвините, тие се „одмаздија“ со вирални објави

Нова серија царини што ја воведе американскиот претседател Доналд Трамп предизвика економски превирања и ги шокираше пазарите, но меѓу сите сериозни последици, јавноста забележа и еден апсурден детал: Трамп воведе царини од 10 отсто и на австралиска територија на која нема луѓе жители – само пингвини и фоки.
Станува збор за островите Херд и Мекдоналд, едно од најоддалечените места во светот, до кои може да се стигне само со двонеделно патување со брод од Перт, на западниот брег на Австралија. Иако пингвините и фоките очигледно не извезуваат, администрацијата на Трамп сепак одлучи да ги таргетира овие острови со царински мерки.
Сепак, „пингвините“ одлучија дека нема да молчат. Тие му одговорија на Трамп на начин што е соодветен за 21 век – преку социјалните мрежи.
— Arnold (@arnoldi254) April 5, 2025
На платформата Threads, профилот @PenguinsAgainstTrump веќе има повеќе од 72.000 следбеници. Описот на профилот гласи: „Не сме сигурни зошто нè царинат“.
I stand with the Penguins. pic.twitter.com/fQBkNUCmIu
— Please stop. (@HMBattista) April 4, 2025
Објавите од тој профил набрзо станаа вирални.
Brilliant. Whoever wrote this should be responsible for monetary policy
— Rami Elghandour (@RamiElghandour) April 5, 2025
— David Leavitt
![]()
#PaxEast (@David_Leavitt) April 5, 2025
Dead
pic.twitter.com/HfMBbLTR0z
— David Leavitt
![]()
#PaxEast (@David_Leavitt) April 4, 2025
Забава
(Фото) Сидни Свини се прошета со својот вереник среде гласините за нивната разделба

Откако се појавија гласини дека ја откажале венчавката и раскинале, Сидни Свини и нејзиниот вереник Џонатан Давино се фотографирани додека шетаат низ Лос Анџелес.
Тие биле снимени во ресторанот Беверли Глен Дели, каде наводно поминале еден час пред да продолжат со прошетката. И двајцата биле лежерно облечени и носеле очила за сонце, а со нив било и кучето од Сидни Тенк.
Овие фотографии доаѓаат откако Свини неодамна беше фотографирана без свршеничкиот прстен.
На крајот на март беше објавено дека Свини и Давино ја откажале својата венчавка поради прекумерна тензија во нивната врска.
Забава
Андријана Јаневска ја изведе „Ако утре ме нема“ од ДНК: Еден од најтешките настапи во мојата кариера…

„Еден од најтешките настапи во мојата кариера… ‘Ако утре ме нема’ од ДНК ја изведов во придружба на Битолскиот камерен оркестар и Благојче Трајковски на кларинет“, напиша пејачката Андријана Јаневска на социјалните мрежи и објави снимка од настапот.