Спорт
НБА: Ноќ на Бјелица, Шариќ вообичаено добар (Видео)
Немања Бјелица го одигра најдобриот меч во својата НБА кариера, но не успеа да го спречи поразот на Минесота од Бостон 109:117. Бостон со овој триумф и теоретски си го обезбеди настапот во плејофот. Покрај Бјелица, изминатата ноќ, забележителен настап …


Немања Бјелица го одигра најдобриот меч во својата НБА кариера, но не успеа да го спречи поразот на Минесота од Бостон 109:117. Бостон со овој триумф и теоретски си го обезбеди настапот во плејофот. Покрај Бјелица, изминатата ноќ, забележителен настап имаше уште еден одграч од Балканот, Дарио Шариќ.
Српскиот репрезентативец, Немања Бјелица, максимално ја користи повредата на Џими Батлер. Тој игра на неговата позиција во стартната петорка на Минесота, а изминатата ноќ блескаше против Бостон.
Бјелица на паркетот мина 40 минути, постигна 30 поени и заблежа 12 скока.
Сепак Минесота не успеа да го победи Бостон,, во чии редови најдобри беа Кајри Ирвинг (23 поени, 7 скока, 8 асистенции) и Ал Хорфорд (20 поени, 8 скока, 6 асистенции).
Мајами ја победи Филалдлелфија 108:99, благодарение на Хасан Вајтсајд (26 поени) и Двејн Вејд (16 поени). Филалделфија ја предводеше хрватскиот кошаркар Дарио Шариќ со 20 поени и 10 скока. Шариќ десетти пат сезонава заврши со „дабл-дабл“ учинок.
Сан Антонио Спарс гостуваше во Оукленд, го одигра најдобриот меч сезонава, не не успеа да победи против актуелниот шампион. Голден Стејт Ворисор победија 110:107, иако по само две минути игра остнаа без најдобриот играч Стеф Кари, кој ја обнови повредата на зглобот.
Кевин Дурент забележа 30 поени и 11 скока, а Дрејмонд Грин го оствари третиот трипл-дабл во сезоната (11 поени, 12 скока, 10 асистенции). Сан Антонио го предводеше Ламаркус Олдриџ со 30 поени и 17 скока.
Оклахома без проблеми го победи Феникс 115:87. Расел Вестбрук мечот го заврши со 27 поени, 8 скока и 9 асистенции.
Бруклин победи во Шарлот 125:111 со што ја прекина серијата од четири порази. Ален Креб го предводеше Бруклин со 29 поени, осум помалку на спротивната страна уфрли Кемба Вокер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Интер оствари рекорден приход

Италијанскиот фудбалски гигант Интер оствари рекордни 567 милиони евра приходи во изминатата финансиска година, беше објавено на веб-страницата на клубот.
Финансиските извештаи за сезоната 2024/25 покажуваат приходи од 567 милиони евра, што е зголемување од 94 милиони евра во споредба со претходната сезона. Ова е рекорд, не само за Интер, туку и за италијанскиот фудбал како целина. Претходниот рекорд го држеше Јувентус кога имаше приходи од 464 милиони во првата сезона на Роналдо.
Рекордните приходи на Интер се резултат на зголемените приходи од домашните и европските натпреварувања, како и учеството во првото издание на проширеното Светско клупско првенство. Во исто време, имаше зголемување на комерцијалните приходи од спонзорства и натпревари.
Интер ја затвори финансиската година со нето добивка од 35,4 милиони евра, во споредба со загуба од 35,7 милиони евра во претходната финансиска година. Интер ја заврши рекордната финансиска година без трофеј.
Во финалето на Лигата на шампионите загуби од ПСЖ, во Серија А беше втор од Наполи, во Купот на Италија испадна во полуфиналето против градскиот ривал Милан, „росонерите“ беа подобри и во финалето на Суперкупот на Италија, додека на клупскиот Мундијал клубот загуби од Флуминензе.
Спорт
Детали го делат Бенитез од клупата на Панатинаикос

Трофејниот шпански стручњак Рафаел Бенитез (65) треба да го преземе грчкиот тим Панатинаикос во наредните денови, откако че бидат дефинирани деталите за идната соработка.
Великанот од Атина е во потрага по тренер по заминувањето на Португалецот Руи Виторија, кој беше отпуштен на 15 септември, еден ден откако „зелените“ загубија од Кифисија со 3:2.
Во меѓувреме, Панатинаикос значително ја подобри играта и резултатите под водство на привремениот тренер Христос Контис и забележа голема победа во Лигата на Европа против Јанг Бојс (4:1), но во клубот, и покрај очигледниот напредок, бараат ново, по можност звучно име за клупата.
Според грчките медиуми, изборот паднал на тренерот кој ја освои Лигата на шампионите со Ливерпул во 2005 година, две титули во Ла Лига и Купот на УЕФА со Валенсија и Лигата на Европа со Челзи.
Истите извори наведуваат дека Бенитез пристигнал во Атина со приватен авион во четврток наутро за финални преговори со челниците на клубот и најверојатно за потпишување на договорот.
Наводно, Панатинаикос му нуди дури пет милиони евра само за едногодишна соработка.
Спорт
Џексон Хејс ќе добие пасош на Словенија

Центарот на Лос Анџелес Лејкерс, Џексон Хејс (25), откри дека е во процедура за добивање словенечки пасош за во иднина да може да игра со Дончиќ и во репрезентацијата.
Хејс е член на Лејкерс од 2023 година, претходно играше за Њу Орлеанс.
Наскоро би можел да биде опција за селекторот на Словенија, Александар Секулиќ, кој бара играч на позицијата „пет“ по повлекувањето на Џош Нибо за последниот Евробаскет.
Нибо, да потсетиме, поради повреда, не доби дозвола од својот клуб Милано да игра за Словенија, што ги принуди челниците на КС Словенија да најдат посигурно решение за наредните години.
Изборот падна на Хејс, со кого неговиот соиграч Лука Дончиќ ги водеше преговорите.
„Лука е мој човек. Работиме заедно за да добиеме словенечки пасош и да можеме да играме за Словенија следното лето“, ги изненади Хејс новинарите по натпреварот со Далас.
Хејс со тоа би бил четвртиот странец во последните неколку години во дресот на Словенија, по Ентони Рандолф, Мајк Тоби и Џош Нибо.
Словенија беше европски шампион во 2017 година со Рандолф.