Македонија
Турска делегација во посета на Министерството за правда

Министерот за правда, Билен Салији, на официјална средба ја пречека делегацијата од Република Турција, предводена од државниот секретар на Министерството за правда на Република Турција, Селахадин Ментес.
На ова средба министерот Салији ги запозна присутните со досегашните активности на Министерството во однос на реформите во правосудството како важен услов во интеграцискиот процес на земјата.
Од своја страна, Селахадин Ментес го изрази своето особено почитување во врска со одличните односи меѓу двете земји и исто така побара да се продлабочи соработката меѓу двете земји во интерес на граѓаните на двете земји. Амбасадорот зборуваше за продлабочување на соработката во разни сфери, каде што ја истакна борбата против тероризмот.
Двете страни разговараа за конкретни прашања, каде што може да се фокусира соработката во областа на правдата, особено кога станува збор за екстрадицијата или притворањето лица што имаат извршено кривични дела во нивните матични земји. Двете страни се убедени дека тероризмот не се идентификува според националноста, туку тоа е заедничко зло против кое мораме заеднички да се бориме.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Променливо облачно со локални врнежи од дожд, особено претпладне

Времето денеска променливо облачно со локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со појава на грмежи, особено претпладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 14, а максималната ќе достигне од 18 до 24 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд и грмежи, особено претпладне. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 23 степени.
Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно, сончево и топло со мала до умерена облачност. Од почетокот на следната седмица повторно ќе настапи дестабилизирање на времето со локални врнежи од дожд и појава на грмежи.
Македонија
Без струја дел од општина Аеродром

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од булеварот Видое Смилевски Бато, делот кај што се вкрстува Февруарски Поход спроти Рамстор Ново Лисиче, во општина Аеродром.
Македонија
Крадци корнат бисти од гробишта – по Бутел, бронзена биста украдена и во Ѓорче

Нов случај со кражба на бронзена биста од гробишта бил регистриран во полицијата во текот на вчерашниот ден.
Скопјанка пријавила попладнето дека од гробиштата во Ѓорче Петров со употреба на физичка сила била одземена една бронзена биста.
Само два дена претходно, истото се случи и на гробиштата во Бутел. Тогаш од МВР информираа дека со употреба на физичка сила и подесен алат биле одземени три бронзени бисти.
„Макфакс“ претходно објави и дека во текот на минатата седмица беше откорнатата плоча од споменикот на децата бегалци во паркот „Жена борец“ во Скопје. Украден е релјефот од бакар, мотив на мајка со три деца, прицврстен на постаментот, отстранети се и бронзените букви од натписот „Татковината – копнеж на прогонетите“
Од МВР велат дека се работи на расчистување на случаите.