Македонија
БЕСА: Министерството за култура продолжува со етничката дискриминација

Движењето БЕСА реагира во врска со огласот за прием на двајца државни службеници во Министерството за култура, односно за прием на еден помошник-раководител во секторот за издавачка дејност и еден помошник-раководител во секторот за културно наследство, в кој меѓу другото се истакнува дека службеникот треба да биде ‘‘Mакедонец/Mакедонка’’.
„По доаѓањето на власт на новата влада, која – меѓу друго- зеде и значителен број на албански гласови – никој не очекуваше државните службеници да бидат примени поради етничката припадност, освен во случаите кога треба да се почитува правичната и пропорционалната застапеност на незастапените заедници. Затоа, Движењето БЕСА смета дека ова е скандал кој потврдува дека речиси воопшто не е променето едноумието и дека продолжува стариот терк на дискриминација“, се вели во соопштението.
Тргнувајќи од ова Движењето БЕСА бара овој конкурс да биде откажан или да се сменат условите за прием на државните службеници, не специфицирајќи ја етничката припадност, туку само познавањето на јазиците, бидејќи ова оневозможува еднаков натпревар за сите граѓани на Република Македонија за работно место.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Прекинато водоснабдување во дел од Општина Карпош

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на шибер од ф – 80 мм на ул. Руѓер Бошковиќ бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците лоцирани на потегот од бул. Осми Септември до раскрсница со ул. Никола Тесла. (општина Карпош).
Македонија
Мицкоски ќе се сретне со Орбан во Будимпешта

Премиерот Христијан Мицкоски в петок ќе присуствува на CPAC конференција во Будимпешта, Република Унгарија, соопшти владината прес-служба.
Мицкоски во рамки на посетата ќе се сретне со унгарскиот премиер, Виктор Орбан.
Македонија
Сојузниците од НАТО треба да трошат по 5 отсто од БДП за одбраната, му рекол Рубио на Муцунски

Државниот секретар на САД, Марко Рубио на средбата со шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски, нагласил дека е неопходно сојузниците во НАТО да дадат поддршка и да постигнат 5 отсто издвојување за одбраната, соопшти Стејт Департментот во соопштение по средбата.
Двајцата ја потврдиле силната врска меѓу Соединетите Американски Држави и Северна Македонија и ги истакнале заедничките интереси во однос на регионалната стабилност, економската соработка и НАТО.
Тие разговарале и за можностите за проширување на економската соработка, вклучувајќи ја трговијата и инвестициите.
Муцунски по средбата соопшти дека е потврдено стратешкото партнерство со САД, а нашата држава продолжува да дава активен придонес како кредибилен сојузник, со инвестиции повеќе од 2 отсто од БДП во одбранбениот сектор.