Македонија
Делегации од Германија и Израел во општина Битола
Како дел од комеморативните активности по повод 75 години од депортацијата на Евреите, Македонско-германската иницијатива за помирување, предводена од Ханс Јоаким Шолц, свештеник на Протестантската црква во Баден, Германија, денес оствари средба со градоначалничката на Битола Наташа Петровска. На средбата Шолц и врачи на Петровска специјални обележја за градот Битола и за Еврејските гробишта во знак на благодарност за вклучувањето на Битола во мисијата на македонско-германската иницијатива за помирување.

SONY DSC
Веднаш по оваа средба, градоначалничката се сретна и со делегација, предводена од Амбасадорот на Израел во Македонија, Дан Ориан. И двете средби беа придружувани од млади луѓе, од Германија и Израел, кои низ посебни мелодии создадоа една несекојдневна атмосфера која наоколу опсипуваше со многу љубов и искреност.

SONY DSC
„Денешната посета е навестување на активностите кои ќе се реализираат утре. И едните и другите, покажаа дека носат во себе огромна љубов, верба за иднината, сакајќи да се потсетат на она што се случило во минатото, токму на овие простори, да си подадат рака едни кон други и да им покажат на возрасните, на политичарите, на лидерите, дека она што го сакаат младите е обединет свет. Свет кој што ќе отвори перспектива за нив, за напредок од секаков аспект и духовен и технолошки, она што ќе значи мир и човечки вредности, она за што ние возрасните треба да се избориме. Така што морам да признаам дека денешниот ден посебно го доживеав и сигурна сум дека утре во Битола ќе се случи голем ден, голем настан, кој ќе значи почеток на будење на целиот свет, дека Битола бил центарот на многу збиднувања и дека Битола заслужува да биде посебен град, за навистина сите овие вредности да допрат до сечие срце“, изјави градоначалничката на Наташа Петровска.
Организатор на комеморативните активности по повод 11 март е Општина Битола, во соработка со Здружението АРХАМ, носител на проектот за ревитализација на еврејското минато во Битола и уредување на парк на живите на Еврејските гробишта во Битола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

