Спорт
Ваков дебакл не паметат ниту највозрасните (Видео)
Фудбалерите на Виљем со 5:0 синоќа го победија ПСВ Ајндховен со што приредија едно од најголемите изненадувања во историјата на холандската прва лига.
Овој ривал во дуелите со ПСВ во изминатите 14 години успеал да освои само два бода.
Бен Риенстра и Фр…
Фудбалерите на Виљем со 5:0 синоќа го победија ПСВ Ајндховен со што приредија едно од најголемите изненадувања во историјата на холандската прва лига.
Овој ривал во дуелите со ПСВ во изминатите 14 години успеал да освои само два бода.
Бен Риенстра и Фран Сол се погрижија ПСВ Анјндховен да го доживее најтешкиот пораз во последните 54 години. Во далечната 1964 година со истиот резултат Ајакс го поразил ПСВ.
Сензацијата е уште поголема бидејќи ПСВ е лидер со дури 10 бода повеќе од Ајакс, а Виљем се бори за опстанок во лигата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Лео Бонучи ќе се пензионира
Леонардо Бонучи (37), легендата на Јувентус, одлучи да стави крај на кариерата. Првиот дел од сезоната Бонучи ја мина во Унион Берлин, а вториот во турски Фенербахче.
Дефанзивецот кој со Италија стана европски првак во 2021 година, сезонава одигра 12 натпревари за турскиот прволигаш, а од крајот на февруари има проблеми со повредите.
Бонучи кариерата ја започна во локалниот клуб Витербезе, од кој премина во Интер. Таму не играше добро, а во Серија А се наметна дури по трансферот во Бари. По една сезона во 2010 година, тој замина од Бари во Јувентус, со кого освои шест последователни титули во лигата помеѓу 2012 и 2017 година.
Сезона 2017/18 ја мина во Милан, а потоа се врати во Јувентус, со кого освои уште две титули во Серија А. Пет пати го освојуваше и Купот на Италија.
Во Серија А одигра 431 натпревар, а за италијанската репрезентација одигра 121 натпревар. Во 2016 година Бонучи беше прогласен за најдобар италијански фудбалер.
Спорт
(Видео) Страшен инцидент во Монте Карло – целосно уништен болидот на Серхио Перез
Страшен инцидент на стартот на трката за Големата награда на Монако. .
Шарл Леклер добро стартуваше и го задржа првото место, Карлос Саинц погреши во петтиот свиок и излета.
🔴 RED FLAG 🔴
Sainz runs off in Casino Square and there are three cars behind which have made contact #F1 #MonacoGP pic.twitter.com/qbrS4lQlTI
— Formula 1 (@F1) May 26, 2024
Главниот инцидент се случи кога Кевин Магнусен, нерезонски се обиде да го мине Серхио Перез (стартуваше од 16.место), кој потоа удри во ѕидот. Од трката беше исфрлен и вториот возач на Хас, Нико Хулкенберг.
Sergio Perez’s car. Oh my god. pic.twitter.com/XZ8XsO9oNz
— Daniel Valente 🏎️ (@F1GuyDan) May 26, 2024
Возачите на Хас трката ја започнаа од последните две позиции, откако поради неправилности на ДРС системот добија казни по вчерашните квалификации.
Истакнато е црвено знаме, а Саинц успеа да дојде до боксот како 16. во поредокот. Шпанецот е најголемиот среќник од целиот инцидент бидејќи рестарот ќе го чека од третото место, од кое ја започна трката.
Спорт
Бањаја ја освои Каталуња, Мартин втор, Маркез трет
Актуелниот шампион Пеко бањаја победи на трката за Големата награда на Каталуња. Возачот на Дукати победи пред лидерот во првенството, Хорхе Мартин (Прамак Дукати) и Марк Макркез (Гресини Дукати).
Бањаја на најдобар начин се рехабилитира за вчерашната грешка во спринт трката, кога како лидер падна и не ја заврши трката. Италијанецот стартуваше добро, ја презеде лидерската позиција. До крајот на петтиот круг го престигнаа Педро Акоста и Хорхе Мартин.
Додека Мартин напред се обидуваше да изгради некаква предност, Бањаја се бореше со Акоста. Дебитантот не успеа да го издржи притисокот, направи грешка заврши надвор од патеката, а потоа Бањаја тргна во лов на Мартин.
Успеа да го престигне на шест круга до крајот. а потоа со речиси две секунди предност како прв ја мина целта.
Третото место му припадна на Макрз, кој имаше уште една одлична трка, бидејќи од 14.место успеа да дојде до подиумот.
Вчерашниот победник во спринт трката, Алеиш Еспаргаро, кој се повлекува на крајот од сезоната, последната трка пред своите навивачи ја заврши на четвртото место.
Генерален пласман: Хорхе Мартин (Прамак Дукати) 155, Франческо Бањаја (Дукати) 116, Марк Маркез (Прамак) 114, Енеа Бастианини (Дукати) 94…
Следната трка во Мото Гп шампионатот ќе се вози во Муџело, Италија.