Спорт
Олд Фирм спектакл и победа на Селтик (Видео)
Фудбалерите на Селтик славеа победа над Ренџерс 3:2 во 411. „Олд Фирм“, одигран во рамките на 30.коло во Премиер лигата на Шкотска.
Играчите на Ренџерс долго ќе жалат за овој натпревар, два пати водеа, промашија две „мртви“ шанси и на крајот беа поразе…


Фудбалерите на Селтик славеа победа над Ренџерс 3:2 во 411. „Олд Фирм“, одигран во рамките на 30.коло во Премиер лигата на Шкотска.
Играчите на Ренџерс долго ќе жалат за овој натпревар, два пати водеа, промашија две „мртви“ шанси и на крајот беа поразени кога имаа играч повеќе на теренот.
Домаќинот стигна до предност во третата минута со голот на Џон Виндас. Ова беше 11.гол за Виндас на последните девет натпревари. Само осум минути подцна Селтик израмни со голот на Том Ригиќ.
Предноста на Ренџерс му ја врати во 26.минута Португалецот Кандејас, а за да биде нерешено по првиот дел се погрижи МУса Дембеле.
Во раната фаза на првиот дел Селтик остана со играч помалку, бидејќи Шимуновиќ доби директен црвен картон.
Потоа Колумбиецот Морелос имаше чиста шанса да му ја врати предноста насвојот тим, но голманот Бејн со неверојатна интервенција го спаси својот гол.
Неколку минути подцна казната домаќинот го стигна, кога 20-годишниот напаѓач Едуар го постигна третиот гол за Селтик.
Во претпоследната минута Ренџерс имаше можност за израмнување, но Корелос од неколку метри наместо празната мрежа го погоди дирекот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Штутгарт го изигра Атлетико – Мило на пат кон Саудиска Арабија

Францускиот фудбалер од редот за врска, Енцо Мило, долго време се поврзуваше со Атлетико Мадрид, но тој кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија.
Енцо Мило беше виден на стадионот „Метрополитано“, иако неговото пристигнување беше одложено поради Штутгарт, кој одолговлекуваше со условите за плаќање.
Се испостави дека „Швабите“, намерно ги одолжиле преговорите со шпанскиот клуб, чекале сигнал од Саудиска Арабија.
Мило беше поврзуван и со Тотенхем, но на крајот победи најбогатиот.
Усен договор меѓу Ал Ахли и играчот за врска веќе постои, и сè уште не е познато колку би можел да изнесува целиот договор. Се споменуваше дека Атлетико морал да плати 23.000.000 евра, па се очекува дека приближно иста сума ќе уплати Ал Ахли в касата на Штутгарт.
Спорт
Баер го продолжи договорот со Шик

Баер Леверкузен ја продолжи соработката со 29-годишниот централен напаѓач и чешки репрезентативец Патрик Шик, а голгетерот висок 191 см се обврза да остане во редовите на популарните „фармацевти“ до 2030 година.
Шик помина пет сезони во овој тим и значително придонесе пред две сезони, кога Баер ја освои Бундеслигата и ја прекина децениската апсолутна доминација на Баерн во германскиот фудбал.
Вкупно, Шик одигра 121 натпревар во Бундеслигата и постигна 64 гола, а постигна и девет гола во 33 натпревари во европските натпреварувања.
Кариерата на Шик започна во Спарта од неговата родна Прага, каде што не играше, а својата прва можност ја доби во дресот на Бохемијанс, каде што беше позајмен во сезоната 2015/16.
Следеше италијанската епизода, една сезона во Сампдорија и две во Рома, потоа неговото прво искуство во Бундеслигата во Лајпциг, каде што постигна 10 гола на 22 натпревари во елитниот ранг на германскиот фудбал во сезоната 2019/20.
Кога станува збор за чешката репрезентација, Шик постигна 24 гола на 46 натпревари.
Спорт
Реал го отпушти медицинскиот тим

Реал Мадрид имаше неуспешна сезона во која не освои ниту еден трофеј.
Шпанските медиуми наведуваат дека една од причините е тоа што голем број играчи се повредиле во последната сезона под водство на Карло Анчелоти.
За да се спречи ова повторно да се случи, новиот тренер Чаби Алонсо заедно со раководството одлучи да го отпушти целиот медицински тим.
Како што пишуваат шпанските медиуми, имало лоши односи во тимот задолжен за здравјето на играчите и тоа ги принудило луѓето во „кралскиот клуб“ да направат радикален потег.