Спорт
Наполи ја губи трката за титулата (Видео)
Интер и Наполи ремизираа без голови во дерби натпреварот одигран во рамките на 28.коло во Серија А. Нерешениот резултат не им одговара на двата тима, бидејќи Наполи остана зад Јувентус во трката за титулата, а Интер зад Лацио во борбата за четвртата по…


Интер и Наполи ремизираа без голови во дерби натпреварот одигран во рамките на 28.коло во Серија А. Нерешениот резултат не им одговара на двата тима, бидејќи Наполи остана зад Јувентус во трката за титулата, а Интер зад Лацио во борбата за четвртата позиција.
Дербито на „Џузепе Меаца“ не ги оправда очекувањата, а Наполи покажа дека не се опоравил од поразот од Рома во минатото коло.
Наполи ја контролираше топката, но Интер ги промаши шансите за победа. Кандрева не реализираше во 37.минута, а Шрињар во 48.минута го погоди дирекот.
Единствената вистиска закана ја имаше во 67.минута преку Инсиње, кој од добра позиција го префрли Хандановиќ, а топката заври над голот.
Јувентус претходно со головите на Дибала го победи Удинезе со 2:0 и со натпревар помалку на врвот има бод повеќе од Наполи. „Старата дама“ в среда го игра одложениот натпревар против Аталанта и доколку победи разликата во однос на Наполи ќе биде четири бода.
Интер по 28. коло има 52 бода, еден помалку од Лацио кој се наоѓа на четвртото место на табелата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Драма до последен миг: Пелистер славеше над Вардар со 32-30

Големата битка за титулата во плеј-офот заврши со триумф на Пелистер, кој славеше со 32-30 против Вардар во неизвесен и драматичен натпревар. Битолчани ја освоија својата деветта титула и трета по ред, предводени од Кузмановски со седум гола, додека Борозан од Вардар реализираше осум, но промаши клучен пенал во финишот.
Вардар имаше водство со пет гола разлика во првиот дел. Сепак, Пелистер се врати во игра и на полувреме резултатот беше 17-15 за Вардар. Во второто полувреме, двете екипи разменуваа голови, а драмата кулминираше во последните минути, кога Вардар имаше шанса за израмнување, но промаши пенал. Пелистер ја искористи грешката и го потврди триумфот.
Спорт
Гоф ја „сврти“ Сабаленка за титулата на Ролан Гарос

Американската тенисерка Коко Гоф го освои Ролан Гарос, победувајќи ја Арина Сабаленкa во финалето.
Гоф ја освои втората Гренд слем титула во кариерата по пресврт – 6:7 (5), 6:2, 6:4.
Таа го имаше своето деби на Отвореното првенство на САД во 2023 година, кога го доби финалето над Белорусинката. Тој сега има скор од 6 победи и 5 порази.
Гоф играше и во финалето на Ролан Гарос во 2022 година, но тогаш немаше шанси против Ига Швионтек, четирикратната шампионка.
Спорт
Марк Маркез ја освои пол позицијата во Арагон

Возачот на Дукати, Марк Маркез, триумфираше на спринт трката што се одржа во рамките на Големата награда на Арагон, осмата рунда од овогодинешното првенство на Мото ГП.
Осумкратниот светски шампион ја постигна својата седма победа во спринтот оваа сезона на патеката Арагон, а се врати на највисокото скалило на победничкиот подиум откако беше престигнат од неговиот помлад брат Алекс пред две недели во Силверстоун.
Алекс беше главниот конкурент на постариот Маркез во Арагон, но нивната борба не траеше долго и возачот на Гресини мораше да се задоволи со второто место, околу две секунди зад својот брат. На третото скалило на подиумот беше Фермин Алдегер, соиграч на помладиот Маркез, кој беше околу две секунди понапред.
Акцијата на патеката „Моторленд“ продолжува во недела од 11 часот, а трката во кралската класа е на програмата од 14 часот.