Спорт
Грчката влада го прекина фудбалското првенство
Грчката влада реши на неодредено време да го прекине фудбалскиот шампионат по скандалот што се случи синоќа на натпреварот ПАОК-АЕК во Солун.
Грчката Супер лига е прекината бидеќи синоќа претседателот на ПАОК, Иван Сатидис, со пиштол влета на теренот в…
Грчката влада реши на неодредено време да го прекине фудбалскиот шампионат по скандалот што се случи синоќа на натпреварот ПАОК-АЕК во Солун.
Грчката Супер лига е прекината бидеќи синоќа претседателот на ПАОК, Иван Савидис, со пиштол влета на теренот во обид да се пресмета со судијата, кој претходно поради офсајд му поништи гол на ПАОК.
Одлуката првенството да биде прекинато била донесена по состанокот на премиерот Алесис Ципрас и министерот за спорт, Јоргос Василијадис.
„Решивме да го прекинеме првенството… Нема да почне повторно сè додека не биде создадена рамка со јасни правила и услови“, изјавил министерот Василијадис за „Ројтерс“.
Како што е соопштено, грчкиот Сојуз и владата биле во постојан контакт со УЕФА и во овој момент не било загрозено правилото за мешање на политиката во спортот.
Вторпат во две години е донесена одлука шампионатот да биде прекинат.
Поради случувањата на стадионот „Тумба“ во Солун, обвинителството побара апсење на претседателот на на ПАОК, Савидис, и уште четири други лица за кои се претпоставува дека се дел од неговото лично обезбедување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Џек пот за Мерцедес, Џорџ Расел и Макс Ферстапен во Лас Вегас
Џек пот за Мерцедес и возачот на Ред Бул Макс Ферстапен на трката за Големата награда на Лас Вегас.
Низ улиците на „градот на гревот“ победи Џорџ Расел, пред тимскиот колега Луис Хамилтон. Помладиот од двајцата Британци ја забележа третата победа во кариерата, а Мерцедес прв пат по 2022 и трката во Бразил забележа еден-два победа. Ферстапен од друга страна заврши на петтото место, но успеа да ја обезбеди четвртата шампионскат титула.
Трката во Лас Вегас покрај победникот и старо-новиот шампион ја обележа и Луис Хамилтон. Седумкратниот првак е возач на денот, стартуваше од 10.место, возеше брилијантно и благодарение на добрата тимска стратегија успеа да дојде до второто место.
Покрај возачите на Мерцедес место на подиумот избори Карлос Саинц од Ферари, зад него беше неговиот тимски колега Шарл Леклер.
Наредната трка, претпоследна во сезоната ќе се вози следнот викенд во Катар.
Спорт
(Видео) Расинг прв пат во историјата е шампион на Копа Судамерикана
Аргентинскиот клуб Расинг е шампион на Копа Судамерикана (пандан на Лига Европа) за 2024 година. Оваа екипа ја освои првата титула во ова натпреварување со победата над Крузеиро во финалето одиграно во парагвајската престолнина Асунсион со 3:1.
Расинг подобро го отвори натпреварот. Веќе во седмата минута Гастон Мартирена му донесе водство на Расинг, но тој гол беше поништен по интервенцијата на ВАР.
Осум минути подоцна, Мартирена повторно ја погоди мрежата, овојпат голот беше регуларен и Расинг поведе.
Веќе во 20. минута беше 2:0 за Расинг по голот на Адријан Мартинез.
Напаѓачот на аргентинскиот клуб ја затресе мрежата по нафрлената топка која му ја испрати Максимилијано Салас.
Оттогаш Крузеиро повеќе се закануваше, но иницијативата ја круниса само со еден гол Во 52. минута Каихо Хорхе ја намали негативата.
Се водеше речиси рамноправна борба до финишот, а во петтата минута од судиското надополнување Расинг ги казни очајните обиди на ривалите да израмнат и го реши прашањето околу победникот.
Голот за големото славје во клупската историја го постигна Колумбиецот Роџер Мартинез на асистенција на Хуан Нардони.
Спорт
(Видео) Симеоне преплавен од емоции: Многу го сакам овој клуб
Легендата на Атлетико Мадрид, тренерот Диего Чоло Симеоне, вчера 700.пат во кариерата го предводеше Атлетико и ја забележа 300. победа во Примера (413 во сите конкуренции).
Симеоне, го преплавија емоциите по натпреварот додека разговараше со новинарите и поранешниот капитен Диего Годин.
„Како што можете да видите, јас живеам во сегашноста. Поминуваме низ добар период, играчите работат со голема одговорност. Мирен сум, срцето ми е на место“, рече Симеоне, кога гласот наеднаш му затрепери.
„Во моментов… Толку многу го сакам овој клуб“, рече тој и кажа „збогум“, го предаде микрофонот и си замина, не сакајќи публиката во живо да биде сведок на неговиот редок излив на емоции.
SIMEONE SE EMOCIONA EN #DAZN HABLANDO DE SU FUTURO pic.twitter.com/x7nS544sbw
— DAZN España (@DAZN_ES) November 23, 2024
Оваа сабота против Депортиво Алавес, тој го предводеше својот Атлетико по 700-ти пат откако беше промовиран во декември 2011 година како тренер на клуб кој не наликуваше на овој што го имаме денес.
Освои освои две Лига Европа, играше во две финалиња во Лигата на шампионите, освои две титули во шпанската лига, еден Куп на Кралот и три национални и континентални Суперкупа.
Со пресврт против Алавес во изведба на неговиот син Џулијано Симеоне стигна до 413. победа. Арсен Венгер имаше 407 победи кога го предводеше Арсенал по 700-ти пат, а Сер Алекс Фергусон 382.