Македонија
Николов: Владата да се откаже од сомнителните договори за новиот клинички центар
„Расипничкото и девијантно однесување на Владата на СДСМ не запира. Вчера разбравме дека нема никаков готов проект за нов клинички центар и дека не им е јасно каде ќе биде лоциран, односно, како што велат, некаде меѓу Злокуќани и Бардовци. Покрај тоа, Mинистерството за здравство преговара со кредитори за обезбедување финансиски средства“, изјави Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, се поставува прашањето кои се тие кредитори и каква е сериозноста на овие преговори? Дали само се зборува за ново задолжување кое повторно ќе го платат граѓаните? И која е логиката да се преговара за нешто за што нема никаков план? „Колку за споредба, владата на ВМРО-ДПМНЕ има подготвено проект од консултанти и експерти од Шпанија, Германија и од Франција, а потпиша и договор за изградба на нов клинички центар со целосна поддршка и финансирање од Банката при Советот на Европа. Истиот тој договор СДСМ сака да го раскине и е подготвен да плати милиони евра, нормално, не од своите, туку од џебот на народот. Идејата на Зоран Заев за раскинување потпишан договор за клинички центар ќе ја платат сите граѓани, и тоа во висина од најмалку 7,5 милиони евра колку што претпоставува СДСМ. Според меѓународната пракса, сепак пеналите што треба да се платат за раскинување ваков договор може да достигнат и до 10 отсто од сумата на договорот или околу 12 милиони евра народни пари“, додаде Николов.
Тоа апелира Заев и Филипче да се откажат од сомнителните договори, да се откажат од прекинување на договорот за градба на клинички центар и да не дозволат граѓаните да се лекуваат до 2030 година во несоодветни услови и застарени згради.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

