Спорт
Путин наредил да биде срушен авион со 110 патници
Рускиот претседател Владимир Путин признал дека во 2014 година наредил да биде соборен авионот на турската компанија „Пегасус“, во кој еден патник се заканувал дека ќе активира бомба и барал од пилотот да се упати кон рускиот град Сочи, каде требало да…


Рускиот претседател Владимир Путин признал дека во 2014 година наредил да биде соборен авионот на турската компанија „Пегасус“, во кој еден патник се заканувал дека ќе активира бомба и барал од пилотот да се упати кон рускиот град Сочи, каде требало да бидат отворени Зимските олимписки игри.
Путин, во двочасвниот документарен филм, појаснил дека на 7.февруари 2014 година добил известување од безбедносните служби дека авионот што летал од Харкив за Истанбул бил киднапиран и дека киднаперите побарале леталото да се упати кон Сочи.
Во авионот имало 110 луѓе, а Путин добил информација дека еден од нив се заканува со бомба. Му било кажано дека според процедурата авионот треба да биде срушен.
„Им кажав да постапат според планот“, истакнал рускиот претседател.
Неколку минути подоцна тој добил информација дека станува збор за лажна узбуна, односно дека патникот бил под дејство на алкохол. Наредбата била повлечена, а Путин се упатил на стадионот во Сочи каде присуствувал на отворањето на Зимските олимписки игри.
Од Кремљ потврдиле дека тврдењата изнесени во документарниот фил се веродостојни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Барселона не може да регистрира пет играчи

Барселона сè уште има проблеми со финансискиот фер-плеј, што дополнително ја комплицира ситуацијата.
Каталонците ставија неколку играчи на трансфер листата, но додека чекаат нивна продажба, се соочуваат со истата ситуација како и минатата сезона.
Станува збор за регистрација на играчи за новата сезона. Како што пишува „Мундо Депортиво“, засега Барселона не може да смета на Рашфорд, Жоан Гарсија, Жерар Мартин и Руни Барги.
Дури ни на Војчех Шчесни, кој неодамна потпиша нов договор, а мора повторно да биде регистриран, бидејќи официјално беше слободен агент од први јули.
Ќе видиме како ќе ја решат ситуацијата во Барселона, но сигурно е дека Ханси Флик не спие многу мирно две недели пред почетокот на првенството.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Ако Шкендија го мине Карабаг во плеј-офот за ЛШ ќе игра против Лудогорец или Ференцварош

Македонскиот шампион Шкендија знае против кого ќе игра во плеј-офот за пласман во Лигата на шампионите, доколку во третото коло го елиминира Карабаг.
Лудогорец или Ференцварош ќе и биде противник на Шкендија, под услов клубот од тетово да го мина Карабаг.
Плеј-офот ќе се игра на 19/20, односно 26/27 август.
Плеј-оф двојки за пласман во Лигата нашампиони:
Лудогорец/Ференцварош – Шкендија/Карабах
Лех Познањ/Црвена Звезда – Динамо Киев/Пафос
Бодо/Глимт – Штурм Грац
Селтик – Каират/Слован Братислава
Базел – Малме/Копенхаген
Фото/ Принтскрин
Спорт
Кан: Бундеслигата е здодевна

Еден од најдобрите германски голмани на сите времиња, Оливер Кан (56), изјави дека Бундеслигата станала предвидлива и здодевна, истакнувајќи дека Баерн бил национален шампион 12 пати во последните 13 сезони, објавија германските медиуми. Кан беше претседател на одборот на Баерн од 2021 до 2023 година.
„За време на мојата фудбалска кариера, Бундеслигата беше понеизвесна, имаше повеќе тимови кои се натпреваруваа за титулата. Како може клуб со буџет од 40 милиони евра да се натпреварува против тим со годишен буџет од 300 милиони евра. Пет резервни играчи на Баерн вредат повеќе од тимовите од долната третина од Бундеслигата. Имаме ситуација каде што Баерн бил национален шампион 12 пати во последните 13 сезони. Лигата стана предвидлива и здодевна, а на долг рок тоа не е добро“, рече Кан.
Тој играше за баварскиот клуб 14 години, а се пензионираше во 2008 година. Имаше 86 настапи за германската репрезентација и беше најзаслужен за тоа што „Елф“ стигнаа до финалето на Светското првенство во 2002 година (во финалето беа поразени со 0-2 од Бразил).
Кан истакнува дека Бундеслигата сè уште ужива голема популарност во Германија, но проблемот го гледа во фактот дека не е доволно привлечна на меѓународно ниво.
„Мораме да ја гледаме Бундеслигата од два агли. Дома, таа е солидна институција, привлечна е за нашите навивачи, а натпреварите имаат голема посетеност. Сепак, секогаш кога разговарам со некого во странство, луѓето таму не гледаат никаква значајна разлика помеѓу Бундеслигата, италијанската Серија А или француската Лига 1“, рече тој и додаде:
„Но, затоа тие ќе знаат сè за англиската Премиер лига или шпанската Ла Лига, добро ги познаваат сите клубови и најголемите ѕвезди во тие лиги. Затоа, ми е сосема разбирливо што еден од нашите најдобри фудбалери, Флоријан Вирц, замина во Ливерпул, во најатрактивната лига во светот.“
Фото/ Принскрин