Спорт
Животна партија на Нуркиќ, 99. трипл-дабл за Вестбрук (видео)
Расел Вестбрук одигра уште еден трипл-дабл натпревар и се доближи до бројката од 100 вакви натпревари во кариерата. Оклахома со Вестбрук славше над Сакраменто 106:101. Блескава вечер имаше и репрезентативецот на БиХ Јусуф Нуркиќ кој го одигра најдобрит…


Расел Вестбрук одигра уште еден трипл-дабл натпревар и се доближи до бројката од 100 вакви натпревари во кариерата. Оклахома со Вестбрук славше над Сакраменто 106:101. Блескава вечер имаше и репрезентативецот на БиХ, Јусуф Нуркиќ, кој го одигра најдобриот меч во НБА-кариерата и заедно со Демијен Лиалрд го предводеа Портланд до победата над Мајами 115:99.
Оклахома го победи Сакраменто, ја забележа третата победа во низа и се зацврсти на четвртото место на табелата во Западната конференција. Вестбрук со учинок од 17 поени, 11 скока и 10 асистенции го забележа 20. трипл-дабл во сезоната, 99. во кариерата.
Сакраменто го предводеше српскиот репрезентативец Богдан Богдановиќ со 19 поени, 8 скока и 3 асистенции.
Јусуф Нуркиќ, 213 сантиметри високиот центар на Портланд, доминира на натпреварот против Мајами. Нуркиќ мечот го заврши 27 поени, 16 скока, 3 блокади, 3 асистенции и заедно со Демијен Лилард (32 поени, 10 асистенции) го предводеше Портланд до десеттата победа по ред.
Со оваа победа Портланд се искачи на третото место во Западната конференција.
На другите натпревари Хјустон лесно се справи со Сан Антонио и победи 109:93, Мемфис загуби од Милвоки 103:121.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Јовиќ го чекаа во Овиедо тој се сели во Атина

Лука Јовиќ (27) го напушти Милан откако му истече договорот и по долго размислување реши каде ќе ја продолжи кариерата.
Србинот водеше интензивни разговори со актуелниот шампион на Северна Америка, мексиканскиот Круз Азул. Откако ги одби мексиканците, доби повик од својот поранешен тренер Вељко Пауновиќ да му се приклучи во Овиедо.
И кога се чинеше дека Јовиќ ќе го предводи нападот на повратникот во Примера, се случи пресврт. Ја прифати понудата од Атина, да го облече дресот на АЕК, на чија клупа седи неговиот сонародник Марко Николиќ.
Инсајдерот Фабрицио Романо, објави дека Јовиќ ќе потпише договор до крајот на сезоната 2026/27. Српскиот напаѓач најави одлична кариера во Ајнтрахт.
Јовиќ играше во клубот од Франкфурт од 2017 до 2019 година. Во сезоната 2018/2019 имаше 27 гола и седум асистенции во 48 натпревари, што му донесе трансфер во Реал Мадрид за 63 милиони евра.
Тој беше во Мадрид 18 месеци, по што се врати во Ајнтрахт на позајмица.
По враќањето во Реал, неговиот статус не се семни, па замина од клубот за кого постигна само три гола во 51 натпревар. Како слободен агент во 2022 година, тој замина во Фиорентина и постигна 13 гола во 50 натпревари за нив.
Тој ја напушти Фиренца подоцна во сезоната и потпиша со Милан, имаше неколку добри натпревари но не ги убеди клупските челници да му понудат нов договор.
Спорт
Самер Макинтош и Леон Маршан се најдобрите на планетата

Самер Макинтош во женска конкуренција и Леон Маршан во машка конкуренција се најдобри учесници на Светското првенство во пливање во Сингапур.
Признанијата беа доделени врз основа на достигнувањата во поединечни трки, не се броеја резултатите од штафетните трки.
Канаѓанката освои четири злата и една бронза во Сингапур. Таа победи на 200 и 400 метри мешано, 200 метри градно и 400 метри слободно, додека беше трета на 800 метри слободно. Во 200 метри делфин, таа го исплива и вториот најдобар резултат во историјата со 2:01,99, само 18 стотинки побавно од светскиот рекорд на Лиу Зига.
Французинот исплива само две поединечни трки, за разлика од Олимписките игри во Париз, каде што освои четири злата, но тоа беше доволно за да ја добие престижната награда.
Тој славеше на 200 и 400 метри мешано, и беше единствениот што успеа да го собори светски рекорд во поединечна конкуренција. Тој стигна до целта во трката на 200 метри мешано со време од 1:52,69, со кое се помести речиси секунда и пол над границата од соништата, која му припаѓаше на Американецот Рајан Лохти (1:54,00).
Спорт
Ѓоковиќ го сели турниот од Белград во Атина

Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на сите времиња, е во напредни преговори со Панатијаикос во врска со организацијата на АТП-турнирот.
Како што објави грчката СДНА, турнирот од серијата АТП 250 треба да се одржи од 2 до 8 ноември во атинската „ОАКА арена“.
Грчките медиуми пишуваат дека главна цел на јунската посета на Ѓоковиќ на грчката престолнина била префрлање на АТП-турнирот од Белград во Атина.
„Како што е познато, односите на Новак со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, беа нарушени по трагедијата во Нови Сад и поддршката на 38-годишниот тенисер за протестите против режимот. Поради ова, семејството на Ѓоковиќ ги виде и модерните можности на арената ОАКА“, пишува „СДНА“.
За сè беше информирана и Евролигата, со цел да се организира Панатинаикос да игра во други сали во текот на ноември додека трае турнирот.
Од 1994 година, тениски турнир од ова ниво не е одржан во Атина. За прв пат, спортски настан на високо ниво, кој не е кошаркарски натпревар, треба да се одржи во „ОАКА Арената“, која се наоѓа во рамките на Олимпискиот комплекс во Атина. Планирано е натпреварите да се одржуваат на тврда подлога, под која има LED екран, кој се користи и за време на натпреварите на Панатинаикос.
АТП турнирот во Белград досега се одржа двапати. Првото издание во 2021 година го освои Ѓоковиќ, кога беше подобар од Алекс Молчан во финалето, а второто издание се одржа во 2024 година. Тогаш победи Канаѓанецот, Денис Шаповалов.