Македонија
Власта сигурна дека Законот за јазици ќе се изгласа денес, опозицијата тврди дека нема
Законот за употреба на јазиците денеска повторно ќе се најде пред пратениците. Ова е договорено на вчерашната координација кај претседателот на Собранието, Талат Џафери, меѓу координаторите на пратеничките групи.
Пратеникот Мухамед Зекири за „Макфакс“ кажа дека пратениците ќе го излгасаат законот на следната седница, а пак, ако не биде така, кога-тогаш ќе биде изгласан. Сигуен за изгласувањето на законот е и вицепремиерот за европски прашања, Бујар Омани. Премиерот Зоран Заев во изјава рече дека законот ќе биде излгасан без разгледувње на амандманите. Со ставот дека на следната седница, Законот за јазици ќе биде изгласан се согласи и народниот избраник, Амди Бајрам.
Напроти власта, опозицијата е уверена дека СДСМ со коалицијата нема да го прекршат деловникот и ќе ги разгледаат амандманите, со тоа, на денешната седница нема да биде изгласан овој закон. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев, не сака да верува дека нивните колеги од мнозиноството ќе направат чекор да изгласаат неуставен закон кој е во спротивност со Уставот на државата.
Претходната седница за донесување на Законот за јазици пропадна, бидејќи политичките партии немаа усогласени ставови. На координативните состаноци изминиативе денови не учествуваше опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Продолжението на 32. седница е закажана за 13 часот.
Законот за употреба на јазиците е во трето читање во Собранието, а од ВМРО-ДПМНЕ поднесоа 35.569 амандмани со образложение дека законот е неуставен и треба да се повлече.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

