Спорт
Вардар апсолутен рекордер во СЕХА-лигата
Бранителот на титулата во регионалната ракометна лига, СЕХА, екипата на Вардар, испиша историја во ова натпреварување, откако регуларниот дел од сезоната 2017/2018 го заври без пораз, со 17 победи и едено реми.
Никој во СЕХА не забележал 17 победи, а и…
Бранителот на титулата во регионалната ракометна лига, СЕХА, екипата на Вардар, испиша историја во ова натпреварување кога регуларниот дел од сезоната 2017/2018 го заврши без пораз, со 17 победи и едно реми.
Никој во СЕХА не забележал 17 победи, а исто така ниту еден тим не освоил 52 бода во регуларниот дел од сезоната. Единствен тим што успеа да остане непоразен во дуелот со вардар е Мешков Брест. На 1 феверуари во Белорусија натпреварот помеѓу двата тима заврши 25:25.
Во регионалната лига Вардар го очекува настапот на завршниот турнир. Фајналфор-турнирот од 13 до 15 април ќе се игра во Скопје, а противник на Вардар во полуфиналето, најверојатно, ќе му биде екипата на Мешков Брест.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Баер со триумф во Купот стави точка на неверојатната сезона
Баер Леверкузен е победник на Купот на Германија за сезоната 2023/2024. и освојувач на „двојната круна“ во германскиот фудбал, откако претходно на доминантен начин ја освои и Бундес лигата.
Избраниците на Чаби Алонсо беа подобри од второлигашот Кајзерслаутерн во финалето на Олимпискиот стадион во Берлин со 1:0.
Ова беше петто финале за „фармацевтите“ и втора титула во Купот, прва по 1993 година.
Леверкузен ја комплетира чудесната сезона, која во сите натпреварувања ја заврши со еден пораз. Баер одигра 53 натпревари во сите конкуренции и загуби само еднаш, во средата од Аталанта во финалето, во Лига Европа.
Победата во финалето против Кајзерслаутерн ја изборија со голот на Џака во 16.минута, а потоа покажаа квалитет кога успеаја да ја одбранат бидејќи од 44.минута играа со фудбалер помалку на теренот.
Спорт
Тен Хаг: Ако Јунајтед не ме сака, ќе одам на друго место да освојувам трофеи
Манчестер јунајтед го освои ФА Купот откако во големото финале на Вембли го совлада Манчестер сити со 2:1. За Јунајтед ова е прв триумф во ФА купот по 2016 година, вкупно 13. во клупската историја.
Ерик Тен Хаг, го освои првиот тофеј како менаџер на Манчестер јунајтед. И покрај победата во ФА купот не е сигурно дека Холанѓанецот и наредната сезона ќе биде менаџер на Јунајтед. го коментираше натпреварот.
„Ако Јунајтед повеќе не ме сака, ќе одам на друго место за да освојувам трофеи. Тоа е она што го правам цела моја кариера“, рече Тен Хаг.
Како можни наследници на Тен Хаг се споменуваат Киеран Мекена од Ипсвич Таун, Роберто Де Зерби кој неодамна објави дека го напушта Брајтон и Томас Тухел кој си замина од Баерн на крајот на сезоната.
Спорт
МЗТ ја одбрани шампионската титулата
Foto/ facebook.com/kkmztskopje
МЗТ Скопје ја освои петтата последовна титула, 11. титула во клупската историја. Финалната серија против Пелистер, МЗт ја доби со 3:0. По двете победи на домашен терен, МЗТ вечерва победи во Битола со 78:67.
Пелистер се обиде да ја продолжи серијата, да се избори и за четврти натпревар, но кошаракарите на Радуловиќ имаа сила да му се спротивстават на шампионот само 24 минути.
По релативното израмнето прво полувреме, Пелистер во 23.минута ја стекна највисоката предност 50:43 и тука застана. МЗТ одговри со серија 11:0, минусот го претвори во плус од четири поени.
Во последната четвртина МЗТ му дозволи на Пелостер само два поени во првите шест минути игра, а кога Баковиќ со две тројки ја крена разликата на 16 поени беше јасно дека МЗТ ќе ја одбрани титулата.
Најефикасни во тимот на МЗТ беа Баковиќ и Гилон со по 15 поени, 11 кошеви постигнаа Делалиќ и Петков. Пелистер го предводеа Мијовиќ и Костоски со по 19 поени.