Македонија
Заев и Мицкоски се во Собранието, ќе има ли договор за законот за јазиците?
Премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се во Собранието, каде што во 13 часот е закажана седница за законот за јазиците. Како што дознаваме, Заев и Мицкоски имале одвоени координативни состаноци со пратеничките групи.
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев, не откри детали од координативниот состанок со Мицкоски, само рече дека не сака да верува оти на денешната седница нема да има расправа за амандманите. Заев, пак, неодамна изјави дека ако се расправа за амандманите, тоа ќе значи блокада на работата на Собранието во следните шест месеци, кои, според него, се клучни за евроинтегративните процеси на Македонија.
Законот за употреба на јазиците е во трето читање во Собранието, а од ВМРО-ДПМНЕ поднесоа 35.569 амандмани со образложение дека законот е неуставен и треба да се повлече.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Игор Димески: Левица ќе направи сè, за да се институционализираат барањата на бранителите од 2001
Денес, Носителот на ИЕ6, Игор Димески од Левица, во Тетово имаше средба со бранителите од 2001 година.
Од населбата Два Бреста во Тетово, во паркот кај споменикот Иљо Антевски-Смок, Димески порача:
„Левица ќе направи сè, за да се институцијализираат барањата на бранителите. Потребен е нов закон за бранители, за да не бидат третирани како граѓани од втор ред, како што е во моментов”.
Бранителите ги изнесоа своите барања и нереализирани ветувања од претходните власти, кои останаа само празни усни ветувања. Исто така, бранителите ги поздравија заложбите на Левица, истакнати од Димески, соопшти Левица.
Македонија
„Поединци на Европскиот фронт избегаа од Али и се во секојдневна комуникација со Мицкоски“, рече Изет Меџити
Лидерот на Демократското движење и носител на Листата за пратеници во првата единица на коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити изјави дека Европскиот фронт ќе се распадне по изборите на 8 мај, притоа потенцирајќи дека експонентите на ЕФ веќе контактираат со Мицкоски.
„Не знам што ќе остане од Фронтот, бидејќи отсега некои поединци на Европскиот фронт избегаа од Али и се во секојдневна комуникација со Мицкоски. И некои експоненти јавно кажаа, како што е господинот Тачи, малите заедници, така што не знам што ќе остане од Фронтот“, рече Меџити.
Македонија
Случајот со писмото на Битиќи до компаниите е сличен на „Траекторија“, вели Мицкоски
Шокантно, самобендисано, претенциозно и криминално. Ќе го потсетам господинот Битиќи но и Обвинителството дека за нешто слично се водеше судски процес во минатото наречен „Траекторија“, вака претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговори на новинарско прашање во врска со писмото коешто го испратил вицепремиерот Фатмир Битиќи до компанииите кои добиле помош од државата и во коешто бара поддршка за изборите.
„Јас го повикувам Обвинителството да нема двојни аршини и да постапи исто и со господинот Битиќи. Ако не постапи, тогаш се потврдува нашата теза дека имаме работа со октруирано обвинителство, партизирано обвинителство, но наскоро и тоа ќе го ослободиме“, додаде Мицкоски.
Мицкоски исто така додаде дека ова што го направил Битиќи е кршење на членот 353 од КЗ, бидејќи ја злоупотребува положбата со цел да прибави политичка корист.
„Јас ви гарантирам дека истражните органи ќе отворат истрага за ова што го прави Битиќи. Тој во својство на вицепремиер испраќа писма до компании каде што наведува дека, внимавајте јас како вицепремиер ви дадов пари, а сега треба мене да ме гласате на овие избори. Тоа е кршење на членот 353 од КЗ, односно злоупотреба на службена положба и овластувања за прибавување корист, а таа корист е политичка“, рече Мицкоски.
Тој уште еднаш го повика обвинителството да постапи, бидејќи во спротивно ќе се потврди тезата на ВМРО-ДПМНЕ дека Обвинителството е октруирано и партизирано и дека е потребно целосно распуштање на Судскиот совет, на советот на обвинители и проверка на нивните имоти и на нивните семејства.
„Ќе ве потсетам, случајот „Траекторија“ токму за нешто вакво слично се водеше и го повикувам јавниот обвинител, овој новиот, го повикувам него или тие надлежните коишто се, да отворат веднаш истрага. Во спротивно ќе се потврди нашата теза дека имаме работа со октруирано и партизирано Обвинителство и уште еднашка ќе се потврди нашата заложба за целосно распушатање на Судскиот совет, на советот на обвинители и проверка на нивните имоти и на нивните семејства, бидејќи навистина не може македонија понатаму да се развива со вакви луѓе ако тие не постапуваат согласно закон“, нагласи Мицкоски.