Црна хроника
Наставник удрил ученик, детето завршило со скршен преден заб

Петнаесетгодишен ученик во Основното училиште „Луиѓ Гуракуќи“ од Желино, заедно со чичко му, пријавиле дека на час по историја наставникот го удрил по задниот дел од главата.
Според пријавувачот, малолетникот од силината на ударот удрил во клупата и му се скршил еден од предните заби. Нешто подоцна повредениот малолетник се обратил за лекарска помош во тетовската Клиничка болница, а потоа го пријавил случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Возел „ауди“ со 114 километри на час на место на кое е дозволено 50 километри на час: уапсен 18-годишен штипјанец

Вчера во 15.00 часот на улица „Железничка“ во Штип, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип го лишиле од слобода 18-годишниот И.П. од Штип.
При контрола на патниот сообраќај било констатирано дека управувал патничко моторно возило „ауди“ со брзина од 114 километри на час на место каде што дозволената брзина е 50 километри на час.
Против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Топ
Уапсен 19-годишник по сообраќајната несреќа во Скопско каде загина малолетничка

Вчера околу 17.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат село Патишка река – село Осинчани, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од У.О.(19) од с.Студеничани, скопско и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.А.(29) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка од патничкото возило „мерцедес“, која била пренесена во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде починала. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата е предадено на обдукција.
Со телесни повреди се здобиле возачот Ф.А., сопатничката Р.А.(24) и уште една малолетна сопатничка, двете од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, како и возачот У.О., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје, а У.О. бил лишен од слобода по член 300 став 2, а во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик, По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Уапсени крадци од Битола и Прилеп, украденото вратено на сопствениците

Денеска во 03.00 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола ја лишиле од слобода С.А.(30) од Битола поради сомнение дека извршила кражба во казино на улицата „Широк Сокак” во Битола, при што одзела паричник со пари во различни апоени.
На 07.04.2025 во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Е.А.(42) од Прилеп затоа што на ул.„Драган Талески“ во Прилеп извршил кражба од паркирано патничко возило.
Украденото е вратено на сопствениците, а по документирање на настаните против лицата ќе следуваат соодветни пријави.