Македонија
ССНМ ги осуди заканите кон новинарката Снежана Лупевска-Созен

Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници – ССНМ изразува најостра осуда и протест поради директните закани кон новинарката Снежана Лупевска-Созен и телевизијата „Телма“ искажани вчера за време на интервјуто на „Топ-тема“ од страна на сопственикот на „ИГМ трејд“, Илија Гечев.
„Јавната закана дека Лупевска ќе биде повеќекратно тужена, со ангажирање најдобри и скапи адвокати, не е многу поинаква од закана за физичка пресметка. Методите можеби се разликуваат во зависност од позицијата, воспитувањето и економската моќ на заканувачот, но целта е иста – да се замолчи новинарот и да се обесхрабри раководството на медиумот да протежира истражување прашање од јавен интерес“, велат од ССНМ.
Од таму додаваат дека користењето тужби како закана и притисок врз новинарите и медиумите во кои тие работат е постојано посочувано како проблем од страна на новинарската заедница, а сега јавноста имаше можност во живо да се увери на каков третман се изложени новинарските екипи кога истражуваат случаи во кои се инволвирани лица што се доживуваат, а и де факто имаат третман на моќници.
„ССНМ јавно бара од Стопанската комора на Македонија да организира обуки на своите членки каде што тие ќе бидат дополнително едуцирани за слободата на изразување, општествената одговорност и јавниот интерес. Затоа што се покажува дека чувството за јавен интерес и општествената одговорност се правопропорционални со моќта. Само на тој начин новинарите ќе може без притисоци и закани да си ја извршуваат својата работа, а компаниите да го задржат својот интегритет и да научат да се справуваат со општествената одговорност“, велат од ССНМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Во Рашче има приведени поради пукање на свадба

Две лица беа приведени вчера во скопското село Рашче поради пукање на семејна веселба.
„Околу 22 часот во СВР Скопје е пријавено дека се слушаат истрели во селото, по што веднаш се преземени соодветни мерки и активности и утврдено е дека Е.К. и Б.К. со гасни пиштоли пукале на свадба“, соопшти МВР.
Тие се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ и натаму бара оставка од обвинителот Коцевски

ВМРО-ДПМНЕ и денеска упати јавен повик до обвинителот, Љупчо Коцевски, да си поднесе оставка поради, како што велат, компромитирање на независноста на Обвинителството. Партијата го обвинува Коцевски дека ја претворил обвинителската функција во партиски сервис на СДСМ и ДУИ, со што, според нив, ја довел правдата во заложништво на политичките интереси.
Во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ се наведува дека со негласањето на интерпелацијата во Собранието, СДСМ ја покажало својата поддршка за Коцевски како чувар на нивните функционери од кривична одговорност.
Партијата посочува дека довербата во обвинителот е падната под 2 проценти и дека тој, и покрај изгласаниот притисок и интерпелацијата, одбива да поднесе оставка.
Македонија
Царините на Трамп стапија во сила, стапката за Македонија е 15 отсто, како и за земјите од ЕУ

Царините на американскиот претседател Доналд Трамп за увоз од десетици земји, кои се движат од 10 до 50 проценти, стапија ВО сила и ја ставија на тест стратегијата на републиканците за намалување на трговскиот дефицит.
Царинската и граничната заштита на САД (CBP) започна со собирање повеќе царини во 00:01 часот по источно време, по недели неизвесност околу конечниот процент на мерките на Трамп и забрзаните преговори со земјите од целиот свет кои сакаа да ги намалат.
Основен процент од 10 проценти претходно беше воведен за увоз од многу земји откако Трамп ги паузираше повисоките царини објавени на почетокот на април. Но, американскиот претседател оттогаш често ги менуваше своите планови, па затоа воведе повисоки стапки за некои земји.
Ова вклучува 50 проценти увоз од Бразил, 39 проценти од Швајцарија, 35 проценти од Канада, Србија, и 25 проценти од Индија. Во среда, тој објави дополнителна царина од 25 проценти за увозот на руски енергетски производи од Индија, која ќе стапи во сила за 20 дена.
Во пресрет на стартот на царините, Трамп зборуваше за милијарди долари што ќе се влеат во САД, главно од земји за кои тврди дека ги искористиле САД.
Осум големи трговски партнери кои сочинуваат 40 проценти од трговијата со САД постигнаа рамковни договори со Вашингтон, вклучувајќи ја Европската Унија, Јапонија и Јужна Кореја. Тие обезбедија основна каматна стапка од 15 проценти. Велика Британија се согласи на 10 проценти, а Виетнам, Индонезија и Филипините помеѓу 19 и 20 проценти. Стапката за Македонија, како што претходно беше објавено, изнесува 15 проценти.