Македонија
Мицкоски го правда Груевски: Под притисок на емоции, се случува таква реакција

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на новинарско прашање каков е неговиот коментар за однесувањето на поранешниот лидер на партијата, Никола Груевски, кој денеска го нападна собранискиот спикер Талат Џафери за време на одржувањето на собраниската седница за Законот за јазици, рече дека „како резултат на акција – се случува и реакција“.
„Вчера најмалку трипати го предвидов сценариото кое денеска Талат Џафери поддржан од Зоран Заев го спроведоа во Собранието. Ова беше емотивен ден, како резултат на акција се случува реакција. Ова беше тежок ден за Македонија и за пратениците во Собранието. Направени се низа преседани, за нив некој мора да одговара“, рече Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нов топлотен бран во наредните денови, се очекуваат температури до 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на многу топла воздушна маса од југ во текот седмицата времето ќе биде сончево и многу топло со појава на локална облачност преку денот. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа се очекува да достигне и 40°C.
Македонија
Дел од Карпош без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затварач (шибер) од ф 200 мм на булеварот Партизански Одреди бб (до поликлиника Букурешт), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од булеварот Партизански Одреди, на потегот од поликлиника Букурешт до бензинска пумпа ОКТА, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.
Македонија
Без струја дел од општина Бутел

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот корисниците на улица кај керамика Имола под обиколницата во Визбегово (општина Бутел).