Контакт

Економија

Заев на средба со седумдесетина компании членки на Стопанската комора Македонија – Турција

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев заедно со министерот без ресор задолжен за странски инвестиции, Аднан Ќахил, и советникот за економија и финансии, Фатмир Бесими, вчера одржаа работен состанок со седумдесетина компании членки на Стопанска комора Македонија – Турција, МАТТО, кои беа предводени од претседателот на Комората, Ајдован Адемовски.

dobivaj vesti na viber

На работната средба со компаниите членки на МАТТО премиерот Заев ги потврди силните заложби на Владата да ја интензивира економската соработка со Турција и посочи дека токму ваквиот тип средби се во правец на остварување на тие заложби. Премиерот Заев ги пренесе позитивните впечатоци од неодамнешната официјална посета на Турција и рече дека постои силна политичка волја од двете страни традиционалното вековно пријателство уште поинтензивно да се рефлектира низ зголемување на економската соработка помеѓу двете земји. Во рамките на работната средба беа споделени размислувања, идеи и препораки од страна на бизнис-заедницата.

„Импресионирани од мотивацијата што ја добивме од неодамнешната посета на Турција, наша заедничка должност е да разработиме конкретни проекти и активности кои за деловната заедница ќе значат бизнис и повеќе профит, за Република Македонија нови работни места, зголемување на БДП и севкупниот извоз“, порача премиерот Заев.

Тој рече дека во Македонија веќе работат сериозен број турски компании што им даваат плата на вработените, плаќаат даноци во буџетот и учествуваат во севкупното производство и во извозот и порача дека уште повеќе треба да се зголемува овој број на турски инвестиции и да се искористи големиот потенцијал за соработка што двете земји го имаат. „Охрабрувањето што го добивме од Турската стопанска комора и од разговорите со премиерот Јилдирим и претседателот на Турција, Ердоган, покажуваат една сериозна посветеност во детали кон Република Македонија. Негуваме едно традиционално вековно пријателство што мора да нè охрабри сите, пред сè, деловната заедница, да преземеме уште поконкретни инвестиции во земјата“, додаде Заев на средбата со турските бизнисмени.

Премиерот Заев информира за можностите што ги отвора планот за економски раст и законското решение што помина на владина седница и изрази силни очекувања дека стопанствениците ќе ги пронајдат своите можности за инвестирање преку поддршката што ја овозможува овој план и ќе преземат храбри чекори за нови инвестиции во Македонија.

 

 

Економија

УЈП: Инкасирани 2,3 милијарди денари или 37,4 милиони евра повеќе во буџетот споредбено со јули лани

Објавено пред

Во јули 2025 година, Управата за јавни приходи оствари значителен раст на наплатата по основ на даноци и социјални придонеси за речиси 37,4 милиони евра во споредба со јули 2024 година.

dobivaj vesti na viber

Вкупната наплата од даноци (Данок на додадена вредност (ДДВ), данок на личен доход (ДЛД) и данок на добивка ДД) изнесува 14.344 милиони денари, односно приближно 233 милиони евра, што претставува рекордна месечна наплата досега.

По тој основ остварен е раст од 922 милиони денари или околу 15 милиони евра, што е раст од 6,9% во однос на јули 2024 година. Раст од 13,4% се бележи и кај социјалните придонеси, и по тој основ наплатени се 11.823 милиони денари (192,2 милиони евра), што е за 1.400 милиони денари (околу 23 милиони евра) повеќе наплатени средства од придонеси во споредба со истиот месец минатата година.

„Растот на приходите не е случаен – тој е резултат на зголемена економска активност, како и посветена работа, партнерство и доверба која Управата за јавни приходи постојано ја гради со даночните обврзници. Во изминатиот период, а во согласнст со законските надлежности, УЈП презеде низа мерки и е во постојан контакт со даночните обврзници и нивните овластени сметководители кои имаат пријавен, но ненаплатен долг за соодветниот даночен период. Целта е навремено подмирување на обврските и избегнување на блокада на сметки и дополнителни трошоци за присилна наплата“, велат од УЈП.

Во рамки на превентивните мерки, доставени се персонализирани пораки и известувања до обврзниците, со јасна порака за доброволно усогласување. Придобивката од овој пристап е јасна: се овозможува финансиска стабилност кај обврзниците, се избегнуваат санкции и се гради одржлива даночна историја, што директно придонесува за стабилни јавни финансии и позитивна деловна клима.

Прикажи повеќе...

Економија

Од бесплатни услуги до премиум-привилегии, сè во една банка

Објавено пред

Без разлика дали сте примател на плата, пензија или млад корисник на HalkЕz пакетот, да се биде клиент на Халкбанк значи можност, секојдневно да добивате повеќе.

dobivaj vesti na viber

Повеќе слобода, повеќе удобност, повеќе безбедност и пристап до услуги кои ви го олеснуваат животот, а притоа штедите време и пари.

Халкбанк за своите клиенти, приматели на плата/пензија овозможува бројни услуги кои се целосно бесплатни, како на пример подигнување готовина без провизија од сите банкомати, на сите банки, во земјата, со Mastercard дебитната картичка.

За младите до 24 години, HalkEz пакетот значи почеток на финансиска независност со поддршка, со бесплатно одржување на платежна сметка, бесплатно електронско и мобилно банкарство, Visa PayWave дебитна платежна картичка – без надоместок за годишна членарина со која можете да повлекувате готовина без надоместок од сите банкомати во земјата и странство.

За пензионерите, Халкбанк обезбедува сигурност и лесни пензионерски денови, преку редовна и навремена исплата на пензијата пред секој 1ви во месецот, како и преку овозможување на бесплатни услуги кои се дел од специјалниот Пакет за пензионери. Пензионерите добиваат бесплатна MasterCard дебитна картичка со која можат да подигнуваат готовина од сите банкомати, на сите банки во земјата без провизија, а дополнително и бесплатно електронско банкарство и бесплатна мобилна апликација. Интерните налози на шалтерите на банката се без провизија. За секоја направена трансакција, пензиониерите добиваат и бесплатни СМС известувања.

За оние што што бараат нешто повеќе, тука се Премиум картичките на банката. Во премиум програмата, Mastercard World Debit, Mastercard World Credit, Visa Platinum и Visa Gold на Халкбанк носат едно поразлично ниво на искуство.

Со дебитната премиум картичка Visa Platinum следува бесплатно подигање на готовина во странство, бесплатно електронското банкарство и СМС инфо, како и 2 бесплатни посети на LoungeKey и Fast Track услугата, додека со Mastercard World Debit добивате бесплатно годишен пристап од 6 влеза до аеродромските LoungeKey салони, како и Асистенција на пат – пакет Европа. Со Мastercard World Credit овозможен е бесплатен пристап до Lounge Key салоните за над 1400 аеродроми во светот, кадешто ќе најдете сè што ви е потребно за мирен старт на патувањето, удобни места за седење, бесплатни освежувања и пијалоци, Wi-Fi, електрични приклучоци, весници и она најважното, мир.

Со Visa Gold премиум картичката, корисниците покрај можноста за пристап до висок кредитен лимит и полиса за осигурување од незгода може да уживаат во привилегијата на бесплатна Fast Track услуга на аеродромот во Скопје, која овозможува побрзо завршување на административните формалности во делот за полетување, а кои вклучуваат пасошка контрола и безбедносна проверка.

Преку кредитната картичка Visa Travel се добива пристап и до иновативните ORYX услуги, кои нудат поддршка на пат (ORYX на пат) во случај на незгода или потреба од влечна служба и Drive Angel мобилна апликација која ги предупредува возачите на небезбедно возење, овозможува итни повици и повици во случај на несреќа и многу повеќе.

Како приматели на плата и корисници на Халк Смарт пакетот, за само 150 денари месечен трошок, добивате дебитна картичка со можност за повлекување готовина од сите банкомати, на сите банки во земјата без провизија, без годишна членарина и без трошок за редовно реиздавање. Во рамки на пакетот е вклучено и електронско т.е. мобилно банкарство, без никакви дополнителни трошоци за месечно одржување, како и со неограничен број на бесплатни електронски, интерни или меѓубанкарски, налози ПП30 и ПП50. Со пакетот добивате и бесплатни СМС известувања за сите извршени трансакции. Како дополнителна вредност за корисниците на пакетот, вклучен е и подарок ORYХ Home Аssistance – поддршка за поправки во домот, без надомест.

Со Халкбанк, добивате многу повеќе од обична банкарска услуга, добивате партнер кој е тука за вас во секој чекор. Со транспарентни услуги, практични решенија и постојана грижа за клиентите, Халкбанк е ваш доверлив финансиски партнер.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Економија

ВМРО-ДПМНЕ: Заврши времето на матни тендери во енергетиката, СДС да се помири дека државата оди напред

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ испрати реакција на прес-конференцијата на Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Заврши времето на матни тендери во енергетиката, СДС да се помири дека државата оди напред.

Ветерниот парк во Штип, Карбинци и Радовиш е најголема енергетска инвестиција од осамостојувањето до денес. 500 милиони долари ќе влезат во државата, а СДД наместо да се радува лее солзи.

Многу скоро од денес, Македонија од увозник на струја, ќе стане извозник.

Владата ја обезбедува енергетската сигурност на државата.

Иднината во Македонија ќе биде сигурна, сите ќе живееме во држава која ги има сите придобивки на 21-от век. А, СДС слободно може да останат со реториката во минатиот век, народот тоа го гледа и ќе ги избрише на следните избори“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет47 минути

Сѐ повеќе луѓе остануваат без работа поради вештачката интелигенција – најголем удар врз младите

„Мајкрософт“ годинава отпушти повеќе од 15.000 луѓе, од кои 9.000 само во јули – што е околу 7 отсто од...

Македонија1 час

Цела ноќ борба со огнот во велешката фабрика – изгореа магацин со фрижидери и канцеларии со документи

Пожарот што синоќа избувна во фабриката за прехранбени производи „Мирана“ во Велес бил целосно локализиран рано утрово, околу 4 часот....

Култура2 часа

(Видео) Со концерт на Ана Дурловски, „Охридско лето“ го прослави 65. роденден

Со концерт на реномираната македонска сопранистка, првенката на Националната опера и балет, Ана Дурловски која настапи со пијано придружба на...

Македонија3 часа

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со...

Македонија16 часа

Почувствуван земјотрес во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Македонија21 час

Мицкоски со остра осуда за скандирањата на ксенофобични пораки и национализам на натпреварот Македонија-Романија во Куманово

Премиерот, Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање остро го осуди скандирањето на натпреварот Македонија-Романија во Куманово од страна на...

Македонија22 часа

Објавен огласот за финансиска поддршка за сметките за струја за ранливи потрошувачи

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го објави јавниот оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за ранливи...

Топ23 часа

Обид за убиство во Струга – со нож го избол во стомакот, рацете и во вратот

Основното јавно обвинителство Струга отвори истрага против две лица, од кои едното е осомничено за обид за убиство и насилство,...

Свет24 часа

Силен скок на цената на нафтата на светските пазари

По две недели пад, цените на нафтата нагло пораснаа на светските пазари, за повеќе од шест проценти, поддржани од постигнувањето...

Македонија1 ден

Активни четири пожари во Македонија

До 07:00 часот утрово регистрирани се 23 пожари во Македонија, од кои четири се активни, два се под контрола, а...

Свет1 ден

Трамп се закани: Путин има рок до петок

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговиот специјален претставник Стив Виткоф би можел да отпатува во Русија, можеби в среда...

Свет1 ден

Русија и Кина одржуваат воени вежби во морето крај Јапонија

Русија и морнариците на Кина одржуваат заеднички артилериски и противподморнички вежби во Јапонското Море како дел од планираните воени маневри,...

Македонија2 дена

Доаѓа невреме – силен ветер, пороен дожд и град ќе ја погодат Македонија

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, во понеделник и вторник на повеќе...

Македонија2 дена

(Видео) Петрушевски: Кога СДС повторно лажно ќе прашаат за истрагата за Кочани, нека погледнат накај главниот обвинител Коцевски кого го спасија и држат на функција

Кога СДС повторно лажно ќе прашаат за истрагата за Кочани, нека погледнат накај главниот обвинител Коцевски, кого го спасија и...

Економија2 дена

(Видео) Илиевски: Има ли „Алказар Енерџи“одобрение за градба или не, каков е бизнис интересот на Божиновска и Мицкоски?

Владата на ВМРO-ДПМНЕ прави класична распродажба на националните ресурси од македонската енергетика, кажа денеска на прес-конференција, Методија Илиевски, потпретседател на...

Свет2 дена

„Среќни се ако јадат сув леб“ – трогателно сведоштво за брат и сестра во Газа кои гладуваат со недели

Мохамед Алмадун, од хуманитарна организација во Газа, рече дека во оваа палестинска енклава лекувал две малолетни деца – брат и...

Свет2 дена

Техеран се соочува со историска водна криза: „нултиот ден“ сè поблиску

Иранскиот главен град Техеран најверојатно е само на неколку недели од таканаречениот „нулти ден“, предупредуваат експертите – денот кога чешмите...

Свет2 дена

(Видео) МААЕ: Експлозии и чад во близина на нуклеарната централа Запорожје

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) денес објави дека нејзиниот тим во нуклеарната централа Запорожје во Украина слушнал експлозии и...

Македонија3 дена

(Фото) Сиљановска-Давкова: Мора да го искорениме плевелот на корупцијата и криминалот, време е за нова пролет на нашата македонска република

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска се обрати на чествувањето на 2 Август – Илинден, Денот на Републиката на Мечкин Камен во...

Македонија3 дена

(Видео) Мицкоски: Илинден е симбол на жртвата која генерации пред нас ја дале за слободна Македонија

Премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски, денеска од Скопје го честиташе големиот празник 2 Август – Ден на Републиката, Илинден. „Овој...