Спорт
Марк Хјуз на клупата на Саутемптон
Марк Хјуз ќе биде манеџер на Саутемптон до крајот на оваа сезона, потврди клубот на својата интернет страница. Хјуз на клупата на Саутемптон го наследи Маурисио Пелегрини.
„Прземењето на Саутемптон за мене е голем предизвик, многу сум возбуден. Зад себ…


Марк Хјуз ќе биде манеџер на Саутемптон до крајот на оваа сезона, потврди клубот на својата интернет-страница. Хјуз на клупата на Саутемптон го наследи Маурисио Пелегрини.
„Прземењето на Саутемптон за мене е голем предизвик, многу сум возбуден. Зад себе имам искуство и верувам дека Саутемптон ќе игра во Премиер лигата и наредната сезона. Клубот тоа го заслужува“, изјавил Хјуз.
Саутемптон се наоѓа во серија на катастрофални резултати, на последните 17 натпревари тимот има само една победа (против ВБА 2:3, на 3 февруари) и до крајот на сезоната ќе води грчевите борба за опстанок.
На осум кола до крајот на сезоната Саутемптон се наоѓа на 17. место со само 28 бода, зад него во опасната зона со бод помалку се Кристал палас и Стоук, односно ВБА со само 20 поени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Сити нуди 275 милиони евра за Јамал

Манчестер сити планира да испрати понуда за Ламин Јамал со која би го соборил светскиот рекорд, пишува шпански „Фихаес“. Понудата би требало да изнесува 275 милиони евра, со што овој трансфер би бил најголем во историјата на фудбалот доколку Барселона била заинтересирана да го продаде најголемиот талент.
Иако има само 17 години, Јамал плени сите со своите вештини, визија и способност да направи разлика на теренот. Неговиот талент го привлече вниманието на најголемите светски клубови, а сега Манчестер сити изгледа подготвен да инвестира рекордна сума за да го обезбеди неговиот потпис.
Иако е тешко да се поверува дека Барселона би го пуштила токму така, финансиската понуда ги става Каталонците во тешка ситуација. Клубот веќе работи на продолжување на неговиот договор, бидејќи истиот трае до јуни 2026 година.
„Моментално се потпираат на неговата откупна клаузула од една милијарда евра. Преговорите би можеле да бидат долги, но вистината е дека неговата иднина останува неизвесна, а интересот на големите клубови како Манчестер сити може да го забрза целиот процес“, вели „Фихаес“.
Спорт
Напредуваат преговорите помеѓу Ливерпул и Ван Дајк

Ливерпул е на прагот да ја освои титулата во Премиер лигата, но паралелно со тоа се водат преговори околу нови договори со клучните играчи, Мохамед Салах и капитенот Вирџил ван Дајк.
Холанѓанецот, по вчерашниот меч со Фулам, кој Ливерпул го загуби со 3:2, откри дека има напредок во преговорите со клубот.
„Напредок има, но не знам дали ќе останам, ќе видиме. Тоа не го менува фактот дека го сакам клубот, ги сакам навивачите и едвај ја чекам неделата кога Вест Хем ќе дојде кај нас и сакам да ги израдувам навивачите“, изјави Ван Дијк.
На седум кола до крајот, Ливерпул има 11 бода повеќе од второпласираниот Арсенал.
Спорт
Де Хеа ќе го продолжи договорот со Фиорентина

Давид Де Хеа, еден од најистакнатите голмани во својата генерација, направи нов чекор во кариерата, а сега е познато каде ќе ја продолжи. Кариерата ја започна во младинскиот тим на Атлетико Мадрид, а за првиот тим дебитираше во 2009 година.
Две години подоцна, во 2011 година, на 21-годишна возраст, тој му приклучи на Манчестер Јунајтед, каде што остана 12 сезони. Во тој период беше познат како еден од најдобрите светски голмани и со Јунајтед го освои речиси секој можен трофеј, освен оној во Лигата на шампионите.
Неговиот договор со Јунајтед истече во летото 2023 година, со што ја заврши мисијата на „Олд Трафорд“. Откако беше надвор од терените речиси цела наредна сезона, на 9 август 2024 година, тој потпиша договор со италијанската Фиорентина. Во тековната сезона забележа 27 настапи за клубот од Фиренца и пружа одлични партии, кои не останаа незабележани.
Британските медиуми веќе почнаа да шпекулираат за негово можно враќање во Манчестер Јунајтед, но се чини дека тоа нема да се случи. Како што објави познатиот спортски новинар Фабрицио Романо, Фиорентина планира да ја искористи опцијата во неговиот договор и да ја продолжи соработката за дополнителна година.
На овој начин, шпанскиот голман ќе остане член на Фиорентина до летото 2026 година, со што дефинитивно ќе се стави крај на гласините за враќање на „Олд Трафорд“.