Македонија
Заев: Македонија и ЕУ имаат заеднички политики и пристап во борбата против радикалниот екстремизам

Премиерот Зоран Заев денеска прими висока делегација на Европската служба за надворешни работи на ЕУ, предводена од заменик-генералниот директор за заедничка безбедносна и одбранбена политика, Педро Серано.
„Премиерот Заев информираше дека Владата на Република Македонија ги усвои двата документа – Националната стратегија на Република Македонија за спречување насилен екстремизам и Националната стратегија на Република Македонија за борба против тероризам, со акциски планови за имплементација на двете стратегии. Заев истакна дека и двете стратегии претставуваат клучни документи во борбата против насилниот екстремизам и во борбата против тероризмот, како појдовна основа за институционално дејствување, и дека се подготвени врз основа на препораките на Европската Унија, со оглед на комплементарноста и заедничкиот интерес на ЕУ и на Република Македонија, за соодветен одговор за овие закани по безбедноста на граѓаните“, соопшти владината прес-служба.
Претставниците на Европска служба за надворешна работи на Европската Унија на средбата оддале признание за активностите на Република Македонија во однос на безбедносните прашања поврзани со борбата против тероризмот и радикалниот екстремизам, и посебно го истакнаа придонесот на македонските безбедносни служби во однос на мигрантската криза.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Филипче е пиунот на Заев, заедно профитираа од КОВИД кризата додека луѓето умираа“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Филипче под покровителство на Заев, сакаше да стори криминал на грбот на граѓаните, со фирмата Стабри. Филипче кој е синоним за криминал и корупција, сакаше да се офајди преку набавка на вакцини за КОВИД, чиј тендер, граѓаните ќе ги чинеше 6 милиони долари поскапо“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Кога сите држави плаќаа до 30 долари за вакцина, нашиот тогашен министер за здравство Филипче, со фантом фирмата Стабри сакаше да наплати по 62 долари за вакцина.
Фирмата Стабри инаку, била регистрирана за тргување на јужни овошја. Истата фирма била формирана само 3 месеци откако СДС доаѓа на власт.
Филипче треба да одговори, дали 6 милиони долари сакал да ги подели со Заев и дали фирмата Стабри има поврзаност со СДС?
Доказ за тоа дека на Филипче здравството и не му беше голем приоритет е тоа дека бил спремен да наплати големи провизии на грбот на граѓаните, за да му удоволи на неговиот ментор Заев.
Филипче ја сака власта за да договара тендери во четири очи. ВМРО-ДПМНЕ нема да го дозволи тоа“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Сиљановска-Давкова се сретна со директорката на Агенцијата за туризам: Држава како нашата има реални шанси да биде посакувана дестинација во текот на целата година

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се сретна со Билјана Стефаноска, директорка на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.
На средбата, претседателката Сиљановска-Давкова изрази став дека туризмот, како гранка, не само што носи приход, туку и го промовира македонското природно богатство и културно наследство пред светот, како наша компаративна предност.
За неа, мала држава како нашата, со исклучителни природни убавини и вредни културно-историски добра има големи и реални шанси да биде посакувана туристичка дестинација не само за време на летните месеци, туку во текот на целата година. Се разбира, останува трајната обврска на Министерството за култура и туризам, другите министерства, но и единиците на локалната самоуправа, како и на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот за создавање неопходни претпоставки, се наведува во соопштението од кабинетот на Претстедателката.
Стефаноска ја информираше претседателката за работата на агенцијата којашто е формирана во 2008 година, со акцент на последните неколку месеци откако е на оваа функција, посочувајќи ги успесите и падовите, актуелните проблеми и предизвици со коишто се соочува.
Таа посочи дека е потребно да се креира стратегија за развој на туризмот, комплементарна со онаа за културата, како гаранција за успех.
Соговорничките се согласија дека поврзувањето на културата и на туризмот во едно министерство е чекор напред во стратешкиот пристап кон нивниот развој, се додава во соопштението.
Македонија
(Видео) Мециновиќ: Кандидатите за Програмскиот совет на МРТВ претендираат за трет мандат спротивно на Законот

„Во член 118 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги се вели следното: мандатот на членовите на Програмскиот совет на МРТ е пет години, со право на уште еден мандат. Ова би им бил трет мандат на овие луѓе, што е директно спротивно на Законот и, автоматски, би требало да значи нивна дисквалификација. Ова, особено, важи за кандидат кој веќе, речиси, 13 години бил претседател на Програмскиот совет”, истакна пратеникот и портпарол на партијата Левица, Амар Мециновиќ, на Собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата на која се вршеше проверка на кандидатурите доставени за именување на членови на Програмскиот совет на МРТВ.
– Во однос на нивната досегашна работа, може многу да се дискутира, затоа што постојат сериозни сомнежи и за противзаконски постапки. Но, она што е кристално јасно е дека, според член 118, сите четворица кандидати треба веднаш да бидат дисквалификувани од понатамошната постапка, образложи пратеникот Мециновиќ.
Портпаролот на Левица одржа и прес – конференција во контекст на актуелната собраниска процедура за именување нов Програмски совет на МРТ на која отвори низа прашања поврзани со легитимноста и транспарентноста во работењето на јавниот сервис.
Притоа, Мециновиќ потсети дека актуелниот генерален директор првпат е именуван во 2012 година, по што е реизбран во 2015 и 2018 година, но оттогаш нов конкурс не е распишан. Тој го нарече ова „директор со три мандати плус еден гратис“ и нагласи дека ваквата состојба е спротивна на законот.
Според Мециновиќ, уште од 2021 година постојат најави дека Програмскиот совет ќе распише нов конкурс за генерален директор, но тоа никогаш не се случило.