Спорт
Хас ја заврши кариерата
Германскиот тенисер Томи Хас на мастерсот во Индијан Велс објави дека става крај на кариерата долга повеќе од 20 години.
Хас (39) одлуката ја објави по победата на Роџер Федерер над Хјеон Чунг. Германецот од 2016 година е директор на мастерсот во Индиј…


Германскиот тенисер Томи Хас на мастерсот во Индијан Велс објави дека става крај на кариерата долга повеќе од 20 години.
Хас (39) одлуката ја објави по победата на Роџер Федерер над Хјеон Чунг. Германецот од 2016 година е директор на мастерсот во Индијан Велс.
„Сметам дека имав среќа што можев да заработувам играјќи тенис повеќе од вде децении. Спортот ми донесе драгоцени пријателства и можност да патувам низ светот и створам незаборавни спомени“, рекол Хас.
Хас кариерата ја започнал во 1996 година, а најдобар пласман во кариерата му е второто место на АТП листата во 2002 година. Освоил 15 титули, последните две во 2013 година на турнирите во Минхен и Виена.
Поради честите повреди на терените се врати во 2017 година кога го победи Федерер во второто коло на турнирот во Штутгарт. Потоа, повторно поради повреда се повлече од турнирот и оттогаш не одиграл ниту еден меч.
Три пати во кариерата играч полу-финале на Австралија опен (1999, 2002, 2007), полу-финале на Вимблдон (2009), а има освоено сребро на Олимписките игри во Сиднеј (2000).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Медисон ја пропушта целата сезона?

Лоши вести за Тотенхем. Повредата на Џејмс Медисон е сериозна и тој ќе биде надвор од терените долго време.
Креативниот играч од средниот ред се повреди на пријателскиот натпревар против Њукасл (1:1) во Јужна Кореја.
Во прашање се вкрстените лигаменти на десното колено. Според првите информации, тој сигурно ќе го пропушти поголемиот дел од сезоната, а можеби и целата сезона.
Минатата сезона Медисон забележа дабл-дабл од 12 гола и 11 асистенции.
Фото/ Принскрин
Спорт
Душан Тадиќ се договорил со Ал Вахда

Душан Тадиќ, во текот на преодниот рок се поврзуваше со Атлетико Мадрид и Црвена звезда, кариерата ќе ја продолжи во Обединетите Арапски Емирати.
Поранешниот играч на Фенербахче ќе биде член на Ал Вахда во следните две години, односно договорот ќе биде потпишан на една плус една година.
Минатата сезона, Ал Вахда заврши на третото место, што беше разочарувачки резултат, па затоа почнаа да го обновуваат тимот. Го ангажираа португалскиот стручњак Жозе Мораиш, а планот очигледно е Тадиќ да биде првата ѕвезда во кампањата за титулата.
Фото/ Принскрин
Спорт
Најскапиот играч во историјата на Сити ќе го напушти клубот

Најскапото засилување во историјата на Манчестер сити, играчот од средниот ред Џек Грилиш (29), би можел да ја оживее својата кариера во Евертон, објавија британските медиуми. Тренерот на Евертон, Дејвид Мојес, многу го почитува Грилиш и би сакал да го има во своите редови.
Евертон, кој оваа година се пресели на нов стадион вреден 900 милиони евра, би сакал да го откупи договорот на Грилиш доколку цената е прифатлива. Сепак, се разгледува и едногодишна позајмица.
Грилиш ангажирал личен тренер и сака да се врати во англиската репрезентација, но тоа не е можно додека Гвардиола е на чело на Сити. Затоа Грилиш сака да го напушти клубот.
Еден од најдобрите англиски дриблери пристигна во Манчестер сити пред четири години од Астон Вила во трансфер вреден 117 милиони евра. Неговиот договор со Сити истекува во јуни 2027 година, а тој заработува дури 18 милиони евра годишно. Во Сити, само норвешкиот Ерлинг Халанд има поголема плата од него, околу 30 милиони евра.
Грилиш од стандарден играч во првиот тим на Сити стана играч од клупата, па затоа беше во почетниот состав само еднаш во Премиер лигата минатата сезона. Тој одигра 39 натпревари за англиската репрезентација и запиша четири гола и осум асистенции.