Македонија
МВР и Обвинителство ги кријат снимките од нападот на полицајката
Министерството за внатрешни работи и Основото јавно обвинителство не ги даваат снимките од инцидентот со полицајката која беше нападната од функционерот на ДУИ, Бекир Асани. МВР тврди дека ги нема снимките од уличните камери на кои се гледа нападот врз полицајката од страна на функционер на ДУИ. „Макфакс“ поднесе барање за пристап до информации од јавен карактер за да ги види видеоматеријалите, но по 14 дена, МВР ја префрли топката кај Јавното обвинителство како имател на снимките.
„Ве информираме дека согласно со член 18 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер барањето го доставивме до Јавното обвинителство за нивно понатамошно постапување“, велат од МВР.
На нашата забелешка дека снимките биле кај нив во моментот кога е доставено барањето, од МВР велат дека не е важно каде биле снимките кога сме го доставиле барањето, туку важно било кој ги поседува во моментот кога тие даваат одговор. Барањето на „Макфакс“ е испратено три дена пред Обвинителството да отвори истрага, во време кога снимките беа во рацете на МВР.
Јавното обвинителство не одговара на прашањата од „Макфакс“ за нападот на полицајката. Според МВР, кај нив е препратено и барањето за снимките.
Останува нејасно зошто ако полицајката не била нападната и сторителот има само прекршочна пријава Обвинителството отвора истрага, а снимките не се објавуваат во јавност, односно се чуваат во тајност.
Јавноста се сеќава дека кога Оливер Спасовски беше технички министер за внатрешни работи беа објавени снимките од инцидентот со ексминистерот Диме Спасов, а за тоа се одржа и прес-конференција.
Камерите за управување со сообраќајот немаат класифицирани информации и со тоа МВР може јавно да ги објави снимките од нападот на полицајката при извршување на службената должност, тврдеше адвокатот Ѕвонко Давидовиќ за „Макфакс“ по инцидентот. Претходно, директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Лазо Велковски, изјави дека нема јавно да се објават снимките од моментот кога била нападната полицајката од страна на високиот функционер на ДУИ, Бекир Асани. Според Давидовиќ, јавен интерес е да се види дали полициските службеници подлежат на притисоци наметнати од политичарите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 10.00 до 13.00 часот, корисниците од улиците Михаил и Ефтихиј и Георги Димитров. (општина Кисела Вода)
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), со услови за невреме со појава на грмежи и силен ветер. Во текот на денот ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 12, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во делови од котлината со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Во сабота наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), локално со услови за невреме со силен ветер и појава на грмежи. Во недела поради продор на постудена воздушна маса на повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Во понеделник и вторник ќе има стабилизирање на времето, а утринската температура значително ќе опадне.
Македонија
СДСМ: Со милошевичко – орбанистички пристап, власта го загрози проектот „Скопје – Европска престолнина на културата“
Од ВМРО-ДПМНЕ да не се прават на Тошо. Ако денес го признаваат хаосот во проектот „Скопје – Европска престолнина на културата“, тогаш нека кажат и кој го создаде тој хаос. Муцунски, Орце Ѓорѓиевски и Љутков се на власт. Тие го заглавија проектот, го водеа спротивно на закони, без транспарентност, без консултации и без вклучување на културниот сектор. Денес сами признаваат дека бил блокиран, а од кого, од нив, велат од СДСМ.
Од партијата велат дека со нивниот милошевичко – орбанистички пристап кон невладиниот и независниот културен сектор, оваа власт не само што го загрозила кредибилитетот на проектот, туку ги срушила и неговите темели:- плурализам, уметничка слобода и европски стандарди.
„Видовме и која е нивната визија: Скопје престолнина на кичот. Затоа Љутков, наместо да го турка овој европски проект, откако е министер, само се жали дека СДСМ не го одржувала скапо платениот стиропор од Скопје 2014. Културната престолнина не е партиски плен за блиски фирми и „клиенти“, туку европски процес што треба да го води целата културна фела – уметници, институции, независна сцена, академска заедница. Затоа, должни се пред македонската јавност да одговорат: Кoja е нивната визија за проектот? Што точно образлагале во Брисел? Каква програма презентирале? Кои реформи ги гарантираат?“, велат од СДСМ.
Од опозицијата наведуваат дека досега се виделе само импровизации, затвореност, игнорирање на секторот и манипулации за дневнополитички потреби.
„Скопје ќе биде европска престолнина на културата само ако се врати духот на европските вредности: отвореност, транспарентност, професионализам и вистинска поддршка на уметниците. А тоа е невозможно со власт која ја става културата во кафез и ја води како партиски проект, без концепт и без одговорност“, сметаат од СДСМ.

