Вести
Топлотниот бран продолжува во Индија – над 1.100 жртви

Топлотниот удар кој веќе цела седмица ја држи Индија однел повеќе од 1.100 животи, а ќе продолжи и следните денови, објавија властите во средата.
Најтешко е погоден југот на Индија, а најголем број од настраданите се градежни работници, бездомници и постари лица.
Во главниот град Њу Делхи метеоролозите предвидуваат продолжување на температурите околу 45 Целзиусови степени и следната седмица, што дополнително ќе преставува опасноста за илјадниците коишто живеат. Стотици луѓе, главно сиромашни, умираат секоја година од горештини, а десетици илјади остануваат без електрична енергија.
„Подобрување треба да настапи по 2-ри јуни кога се очекуваат обилни дождови“, изјави за AFP Брама Пракаш Јадав од индискиот метеоролошки завод.
Во сојузната држава Андра Прадеш, која е најтешко погодена, од 18-ти мај починале околу 900 па власти организацијата на распределба на водите. Во соседната држава Телангани, каде што температурата викендов се искачи дури до 48 Целзиусови степени, за една седмица починале речиси 200 луѓе. Единаесет смртни случаи од топлотниот удар се регистрирани во источната држава Орсиа, а 12 во соседниот Западен Бенгал. Во Гурргаон, близу Њу Делхи, жителите остануваат без струја и до десет часови дневно, имајќи предвид дека мрежата е оптоварена пореди големиот број уреди за климатизација.
Монсунските дождови особено со нетрпение ги очекуваат земјоделците. Дождови кон крајот на месецот се очекуваат во Кералиа, на југот, но за да дојдат до сушните долини во северните делови ќе бидат потребни седмици./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.