Спорт
Француска тенисерка направила 42 дупли грешки во еден меч
Младата француска тенисерка Естер Тебол, на ИТФ турнирот во Авр направила 42 двојни сервис грешки што преставува апсолутен светски рекорд.
19-годишната француска тенисерка, во првото квалификациско коло на турнирот, против сонародничката Еменуел Жирар,…


Младата француска тенисерка Естер Тебол, на ИТФ турнирот во Авр направила 42 двојни сервис грешки што преставува апсолутен светски рекорд.
19-годишната француска тенисерка, во првото квалификациско коло на турнирот, против сонародничката Еменуел Жирар, направила 14 двојни сервис грешки во првиот, 15 во вториот и 13 во третиот сет.
Интересно, иако Тебол и покрај 14. дупли грешки во првиот сет, во тај-брејк го добила овој период од играта.
На крајот Герард забележала победа, по три часа и четири минути игра, 6:7, 6:4, 7:5.
Овој меч многу бргу ќе го заборави и победничката Жирар, бидејќи на крајот имала само еден поен повеќе од Тебол.
Тебол во Авр го сруши речиси две децении стариот рекорд на Ана Курњикова, која во 2.коло на Австралија опен во 1999 година, направила 31 двојна сервис грешка против Михо Саеки.
Иронијата да биде поголема Курњикова победила во тој меч 1:6, 6:4, 10:8.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Пропадна трансферот на Ребиќ во Хајдук

Една од најдолгите трансфер саги, во регионов ова лето заврши. Како што објави „Далматински портал“, 31-годишниот напаѓач, Анте Ребиќ, кој моментално е без клуб, не успеа да постигне договор со Хајдук.
Причината се финансиите. Новиот спортски директор Горан Вучевиќ и раководството на Хајдук не сакаат да даваат преголеми договори, а договорот бил да се понуди максимум 400 илјади евра годишно со бонуси.
Според сите информации, Ребиќ барал речиси двојно повеќе, околу 750 илјади евра.
Ребиќ има неколку понуди. Една е од Холандија, а неколку од нив се од Блискиот Исток и други делови од Азија. Наводно му нудат над два милиони евра таму, но Ребиќ сака да игра фудбал во Европа додека сè уште може.
Поранешниот хрватски репрезентативец е слободен агент откако неговиот едногодишен договор со Лече истече на почетокот на јули. Ребиќ не се истакна таму и постигна само еден гол на 27 настапи во Серија А, па Лече одлучи да не му понуди нов договор.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Погачар го вози најскапиот велосипед на светот

Тадеј Погачар (26) е словенечки велосипедист и еден од најдоминантните возачи на својата генерација. Со 21 година, тој го освои Тур де Франс (три пати во кариерата), а до ден денес има освоено бројни победи на најголемите трки во светот.
Познат е по својата експлозивност на искачувањата, техничката вештина и тактичката зрелост. Вози за тимот на ОАЕ „Емирати“ и постојано го потврдува својот статус на еден од најдобрите возачи во историјата на велосипедизмот.
Неговиот тим објави на социјалните мрежи фотографија од велосипедот „Колнаго“ што Погачар го вози на Тур де Франс.
Станува збор за специјална верзија на „Колнаго V5R“. Тежи само околу 7 килограми поради неговата конструкција од ултралесна карбонска тркачка рамка, чија конструкција е многу цврста и лесна.
Серијата „Колнаго V“ (V4R/V5R), особено во тимската или ограничена верзија на Тур де Франс, е меѓу најскапите сериски велосипеди во светот.
Се проценува дека тркачкиот велосипед на Погачар вреди помеѓу 18 и 20 илјади евра, во зависност од изданието и дополнителната опрема, што го прави најскапиот велосипед во светот. За споредба, велосипедите од пониската серија Колнаго или постарите генерации (на пр. V3, C-RS 105) се движат помеѓу 2.500 и 6.000 евра.
Спорт
Феликс го одложи враќањето дома, се сели во Саудиска Арабија

Извесно е дека португалскиот фудбалер Жоао Феликс ќе ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија.
Некогаш големиот талент за чии трансфер од Бенфика, пред седум години, Атлетико Мадрид издвои 136 милиони евра, ќе се пресели во Ал-Наср.
Ова е претставува изненадување за фудбалската јавност, бидејќи детали го делеа Феликс од враќањето во Бенфика.
Во приказната реши да се вмеша Ал Наср и букввално да го украде веќе виденото засилување од португалскиот гигант. Челзи ќе добие околу 57.000.000 евра, а Феликс ќе добие голема плата и можност да игра со Кристијано Роналдо.
Освен финансиите, тоа беше и негова голема желба бидејќи станува збор за човек кого го идолизира.
По заминувањето од Атлетико, Феликс не се снајде во Барса, Челзи, Милан…
Foto/ Prinskrin