Македонија
Османи: Постои потенцијал за унапредување на соработката меѓу Македонија и Украина
Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска во просториите на Секретаријатот за европски прашања оствари средба со амбасадорката на Украина во нашата земја, Наталија Задорожњук.
Соговорниците заеднички се согласија дека односите помеѓу Македонија и Украина се исклучително добри, потенцирајќи дека двете земји една во друга гледаат искрен пријател и имаат заеднички евро-атлантски аспирации.
Во однос на европските перспективи, вицепремиерот Османи потенцираше дека Владата останува посветена на ЕУ агендата и дека напорно работи на реформите со цел искористување на новиот позитивен бран во ЕУ во корист на проширувањето на Унијата со земјите од Западен Балкан. Во насока на позитивните меѓусебни односи, Османи истакна дека Македонија ѝ стои на располагање на Украина за споделување на нашето долгогодишно искуство во процесот на стабилизација и асоцијација.
За време на разговорот соговорниците заеднички се заложија за унапредување пред сè на економската соработка, трговската размена и обемот на инвестиции, имајќи предвид дека сегашната размена е далеку од потенцијалите за економска соработка на двете земји.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

