Регион
Се урнаа две згради во Истанбул, нема настрадани

Две згради се урнаа во петокот во еден од најпосетените делови на турскиот мегалополис Истанбул, а градските власти изјавија дека веруваат оти нема настрадани.
Причината за уривањето на зградите сé уште не е познат, зградите главно биле ненаселени. Според очевидци, зградите се урнале 14.30 часот, на преполната авенија Истикал, во близина на историскиот плоштад Таксим, петнаесетина минути откако се слушнала бучава.
Првичните информации сугерираат дека во внатрешноста на зградите немало никој за време на уривањата, изјавил гувернерот на Истанбул, Васип Шахин. Градоначалникот на квартот Бејоглу во кој се случил инцидентот, Мисбах Цемирчан, говорејќи на местото на инцидентот, потврдил дека немало повредени.
Едната од зградите е петкатница во близина посетен трговски дел од градот.
„Во една од зградите се наоѓал хотел со многу малку гости, но според нашите информации во моментот на уривањето таму немало никого“, изјавил Сахин.
Полицаец кој бил на местото на настанот изјавил дека една до зградите почнала да се тресе пред да се урне, поради што сите кои биле во неа успеале да побегнат, како и од блискиот ресторан кој од уривањето бил малку оштетен
Според првичните сознанија, на првиот кат од една од зградите имало хотел во кој биле изведувани зафати за реновирање./крај/мф/сн
Извор: Doğan News Agency
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Црна Гора се бори со пожари

Седми ден по ред пожарите во Црна Гора не стивнуваат, а најкритично е во Подгорица, каде што и покрај тоа што ситуацијата е под контрола.
Началникот на Дирекцијата за цивилна заштита и намалување на ризици од катастрофи, Љубан Тмушиќ, соопшти дека најзагрозени области се Пипери и Кучки Корита. – Во овие подрачја се ангажирани сите расположливи ресурси – 12 возила и 42 пожарникари, рече Тмушиќ.
Посебна закана претставуваат и таканаречените „подземни пожари“ кои се активираат со пораст на температурите.
Во гаснењето се вклучени и армијата, како и помош од странство – Србија испрати хеликоптер, а вчера пристигна и швајцарски тим со 26 пожарникари и четири специјализирани возила. Поддршка дава и хеликоптер од Чешка.
Регион
Еди Рама вети бесплатни нови куќи за оние кои во пожарите ги загубија своите домови

По катастрофалните пожари кои деновиве зафатија делови од Албанија, уништувајќи домови и имоти, премиерот Еди Рама излезе со силно и директно ветување до сите настрадани граѓани. Во објава на социјалните мрежи, тој најави дека државата целосно ќе ги обесштети сите што претрпеле штета, вклучително и бесплатна обнова на секој уништен дом.
„Кој и да го изгубил својот дом, ќе го обновиме бесплатно, кој и да изгубил добиток, ќе го рефинансираме еден по еден“, напиша Рама на социјалните мрежи.
Оваа мерка, како што појасни министерот за одбрана Пиро Венгу, ќе се спроведува преку општините. Ќе се формираат посебни комисии за проценка на штетите на куќи, инфраструктура, бизниси и земјоделски култури, по што ќе следува обештетување од општинските фондови за цивилна заштита, поддржани од државниот буџет.
Регион
Шестмина припадници на полицијата се повредени за време на синоќешните протести во Србија

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека за време на синоќешните протести имало драстично нарушување на јавниот ред и мир и брутален напад врз полицијата, и дека, според досегашните податоци, повредени се шестмина припадници на полицијата.
„Шест полицајци се повредени, според информациите што ги имаме во моментов, а 38 лица се приведени. Секој можеше да види во преносот во живо дека имало брутален напад врз полицијата, дека демонстрантите дошле со намера да ги нападнат полицајците, да ги повредат“, рече Дачиќ.
Тој изјави дека вечерта немало поддржувачи на Српската напредна партија, што, како што рече, не ги спречило демонстрантите да ги нападнат просториите на таа партија низ цела Србија, и додаде дека на некои места биле нападнати и просториите на Социјалистичката партија на Србија.