Свет
Професор од Кембриџ: Јас сум жртвено јагне

Професор од Кембриџ, кој ја создаде апликација што собра податоци од 50 милиони корисници на „Фејсбук“ вели дека е жртвено јагне, објави Би-би-си. Александар Коган е истражувачот кој ја завршил работата за „Кембриџ аналитика“ во 2014 година, но, како што вели, не знаел дека податоците ќе бидат користени во корист на претседателската кампања на Доналд Трамп.
Академијата за психологија соопштила дека со податоците сакала да го моделира човечкото однесување преку социјалните медиуми.
„Фејсбук“, пак, вели дека Коган ги прекршил политиките на сајтот.
Истражувачот на Универзитетот во Кембриџ развил анкета наречена „Ова е вашиот дигитален живот”. Во анкетата учествувале околу 270.000 луѓе, а податоците на речиси 50 милиони корисници, претежно од САД, се собрани без нивно експлицитно одобрение. Според сознанијата, податоците ѝ се продадени на „Кембриџ аналитика“, која ги користела за правење психолошки профили по што на корисниците им биле прикажувани приспособени реклами и вести во корист на Трамп со цел да се влијае на резултатот на изборите за претседател во 2016 година.
Европскиот парламент, по примерот на британскиот Парламент, вчера го повика основачот на „Фејсбук“, Марк Цукерберг, да го објасни користењето на личните податоци на корисниците на оваа социјална мрежа од страна на компанијата „Кембриџ аналитика“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Неколкумина загинаа откако патнички воз излета од шините во југозападна Германија

Неколку лица загинаа, а многу други се повредени откако патнички воз излета од шините во југозападна Германија, јави ДПА, повикувајќи се на безбедносни извори.
Спасувачките тимови се на местото на настанот и го пребаруваат возот и околината во потрага по патници.
Свет
Тројца мажи завршија во болница поради топлотен удар во Кипар

Тројца мажи се хоспитализирани денеска во Лимасол и Никозија во Кипар поради топлотен удар, при што еден од нив е во критична состојба.
Во исто време, двајца постари мажи, на возраст од 78 и 89 години, се хоспитализирани во Никозија во сериозна, но стабилна состојба. Уште еден 88-годишен пациент бил примен со симптоми на топлинска исцрпеност и е надвор од животна опасност.
Се апелира населението, особено до ранливите категории, да избегнуваат директна изложеност на сонце, да бидат внимателни и да внесуваат доволно течности, поради екстремно високите температури што зафатија делови од островот.
Свет
Фон дер Лајен се сретна со Трамп во обид да се договорат околу царините

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен попладнево во шкотското место Трнбери ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп, во обид да биде постигнат трговски договор во пресрет на истекот на крајниот рок – 1 август за воведување на царини од 30 отсто за извозот на европски производи во САД.
Најавувајќи ја средбата во објава на Икс, Фон дер Лајен наведе дека со Трамп ќе „разговараат за трансатлантските трговски односи и за тоа како тие може да се одржат силни“.
Американската администрација веќе воведе царина од 50 отсто за увозот на челик и алуминиум од ЕУ, од 25 проценти за автомобили и автомобилски делови, како и основен данок од 10 отсто за поголемиот дел европски производи, со кои е опфатен околу 70 проценти од вкупниот извоз на Унијата во САД.
Средбата се одржува во услови на зголемени надежи во ЕУ дека Европската комисија би можела да постигне договор со Вашингтон по примерот на оној постигнат претходно неделава меѓу САД и Јапонија за просечна царина од 15 отсто на извозот на јапонски стоки на американскиот пазар.
ЕУ се надева дека, исто така, ќе постигне договор со САД за царинска стапка од 15 проценти, која би ја вклучувала и просечната царина од 4,8 отсто што ја плаќаат европските извозници на американскиот пазар уште од пред враќањето на Трамп во Белата куќа во јануари годинава.
Средбата доаѓа откако во четвртокот Европската комисија усвои пакет контрамерки на увозот на американски стоки во ЕУ, како одговор на најавената царина од САД од 30 отсто.
Портпаролот на ЕК за економска безбедност, трговија и царини Олоф Гил во четвртокот изјави дека фокусот на ЕУ е на постигнување на договор со САД за царините, а доколку тоа не се случи усвоените контрамерки ќе стапат во сила на 7 август.