Македонија
Паско Кузман доби кривична пријава од финансиската полиција за злоупотреби при возобновувањето на Светиклиментовиот универзитет
Поранешниот директор на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман, доби кривична пријава од Управата за финансиската полиција, заедно со лицето Ш.Ц. од Хрватска. Тие се осомничени за злоупотреба на службената положба и овластување при постапката за возобновувањето на Светиклиментовиот универзитет. За тоа финансиската полиција до Основото јавно обвинителство поднесе кривична пријава.
Според информациите од Управата, Кузман во текот на 2010 година, по претходно спроведена постапка за јавна набавка, склучил договор за изведба на градежни и градежно-занаетчиски работи за возобновување на Светиклиментовиот универзитет на Плаошник во Охрид, со изведувачот „Конструктор инженеринг АД Сплит“ со подружница во Македонија, за што била обезбедена гаранција за понудата, но не и банкарска гаранција за квалитетно извршување на работите.
Осомничениот Ш. Ц. од Хрватска, со цел да се стекне со противправна имотна корист, доставил градежна книга со невистинита содржина, во која лажно прикажал дека на објектот биле набавени материјали и извршени градежни работи во вредност од над 19 милиони денари. Паско Кузман го дозволил тоа, при што иако не бил избран надзорен орган и одобрение за градба, дозволил да бидат исплатени 19 милиони денари. Кузман, иако бил должен, не го раскинал договорот и не ја раскинал банкарската гаранција, за чиј износ е оштетен буџетот на Управата за заштита на културното наследство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

