Македонија
Османи: Оваа година мора да ги завршиме клучните инфраструктурни проекти финансирани од ИПА
На денешниот состанок на ИПА-мониторинг комитет за ИПА I и II, со кој претседаваа заменик-претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во улога национален ИПА-координатор, и раководителот на одделение во ДГ НЕАР, Дејвид Кулен, беа споделени информации за напредокот во спроведување на ИПА во двете финансиски перспективи.
Целта на состанокот исто така беше и да се договорат заклучоци и препораки за подобрување на апсорпциски капацитети за искористување на сите средства алоцирани преку ИПА.
„Се наоѓаме во исклучително важен период, година во која имаме обврска да ги завршиме клучните инфраструктурни проекти и да ги пуштиме во функција“, истакна Османи додавајќи дека темпото останува високо и во следната година, кога се очекува да ги затвориме програмите од ИПА 2007-2013.
Османи ја истакна потребата за засилена имплементација на проектите и програмите, кои се веќе испрограмирани преку ИПА 2014-2020 година и најави конечно сумирање на впечатоците и научените лекции од досегашните предизвици при спроведување на ИПА, како важен инпут во подготовката за новата ИПА по 2020 година.
На состанокот присуствуваа претставници од државните институции кои спроведуваат ИПА-фондови, претставници на Делегацијата на ЕУ, Секретаријатот за европски прашања, Министерството за финансии, како и претставници на секторските работни групи, и на донаторите кои се активни во земјата.
ИПА-мониторинг комитетот е воспоставен во 2016 година и се одржува на годишно ниво.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Општина Битола објави повик за доделување финансиски средства на спортски клубови, спортски здруженија и спортисти
Општина Битола го објави јавниот повик за доделување на финансиски средства од буџетот на општина Битола на спортски клубови, спортски здруженија и спортисти за 2026 година.
Право на учество на јавниот повик ќе имаат спортски клубови, спортски здруженија, спортисти во сениорски и младински категории, како и другите физички и правни лица од областа на спортот чиешто регистрирано седиште, односно живеалиште се наоѓа на подрачјето на Општина Битола.
Пријавите треба да се достават до Општина Битола преку пошта на адреса; Општина Битола, Булевар 1 –ви Мај број 61, 7000 Битола или да се достават во архивата на Општина Битола од 07:30 часот заклучно со 15:30 часот до последниот ден од Јавниот оглас.
Рокот за поднесување на пријавите започнува од 25.02.2026 година и трае заклучно со 11.03.2026 година.
Пријавите од јавниот повик ги разгледува Комисијата за млади и спорт од Советот на Општина Битола и согласно критериумите ја одбрува висината на финансиската поддршка. Финансиската поддршка согласно програмата за активностите во областа на спортот и младите во Општината Битола за 2026 изнесува 2.000.000,00 денари за спортски клубови/спортски здруженија и 1.000.000,00 денари за индивидуални спортисти.
Повеќе за јавниот повик на следниот линк: https://www.bitola.gov.mk/sportski-klubovi-zdruzenija-i-sportisti/
фото/ Depositphotos
Македонија
Заев поднесе тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев
Поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев поднел тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев за како што вели, клевета и нарушување на чест и углед.
„Поднесени се тужбите против Бране Петрушевски и Жан Митрев за клевета и нарушување на чест и углед.
Не постои никаква дилема дека ќе се докаже лагата и на двајцата.
Надоместокот од добиените тужби ќе оди за децата без родители и лицата со посебни потреби“, објави Заев на социјалните мрежи.
Македонија
Милошоски-Бунфорт: потенцирана поддршката на Унгарија кон ЕУ интеграциите
Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски оствари работна средба со Жолт Бунфорт, специјален претставник за Западен Балкан на премиерот на Унгарија, Виктор Орбан придружуван од Ѓула Шомоѓи, советник и Јулијана Армаш, советник, како и заменик шефот на мисијата Атила Фодор.
На средбата беше потврдена одличната македонско-унгарска соработка и подготвеност за понатамошно унапредување на односите на двете држави во повеќе области. Беше потенцирана заложбата за интензивирање на соработката во економската област преку реализирање на заеднички проекти, како и зближување на двата народа преку зајакнување на пријателските односи и културната размена.
Специјалниот претставник за Западен Балкан Бунфорт, ја потенцираше поддршката на Унгарија кон македонските ЕУ интеграции, истакнувајќи дека членството во ЕУ не претставува награда, туку признание за реформските напори и остварениот напредок во изминатиот период.

