Спорт
СЕХА: Блок-билетите за Ф4 турнирот пуштени во продажба
Ракометнот клуб Вардар објави дека ги пуштил во продажба блок-билетите за завршниот турнир во СЕХА-лигата, што ќе се одигра во Скопје, во периодот од 13. до 15 април.
„Од 22 март до 1 април 2018 година ќе се продаваат блок- билети за двата натпреварува…


Ракометнот клуб Вардар објави дека ги пуштил во продажба блок-билетите за завршниот турнир во СЕХА-лигата, што ќе се одигра во Скопје, во периодот од 13. до 15 април.
„Од 22 март до 1 април 2018 година ќе се продаваат блок- билети за двата натпреварувачки денови по цена од 300 денари. Од 2 април ќе почне продажбата на поединечни билети и тоа по цена од 200 денари за еден натпреварувачки ден“, се вели во клупското соопштение.
Од клубот исто така ги информираат ракометните фанови дека Вардар е само технички организатор на овој турнир, поради што сезонските билети нема да важат. Организатор на турнирот е СЕХА-лигата.
Во меѓувреме, лигата објавија дека претходно објавениот распоред за одигрување на натпреварите е сменет, односно Вардар ќе го игра првиот меч протв Мешков Брест (17:45 часот), а потоа ќе играат ППД Загреб и Целје (20:15 часот).
Во истите термини на 15 април најпрвин ќе се одигра натпреварот за третото место, а потоа и финалниот меч.
Вардар на домашен терен ќе ја брани титулата освоена минатата година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Самер Макинтош и Леон Маршан се најдобрите на планетата

Самер Макинтош во женска конкуренција и Леон Маршан во машка конкуренција се најдобри учесници на Светското првенство во пливање во Сингапур.
Признанијата беа доделени врз основа на достигнувањата во поединечни трки, не се броеја резултатите од штафетните трки.
Канаѓанката освои четири злата и една бронза во Сингапур. Таа победи на 200 и 400 метри мешано, 200 метри градно и 400 метри слободно, додека беше трета на 800 метри слободно. Во 200 метри делфин, таа го исплива и вториот најдобар резултат во историјата со 2:01,99, само 18 стотинки побавно од светскиот рекорд на Лиу Зига.
Французинот исплива само две поединечни трки, за разлика од Олимписките игри во Париз, каде што освои четири злата, но тоа беше доволно за да ја добие престижната награда.
Тој славеше на 200 и 400 метри мешано, и беше единствениот што успеа да го собори светски рекорд во поединечна конкуренција. Тој стигна до целта во трката на 200 метри мешано со време од 1:52,69, со кое се помести речиси секунда и пол над границата од соништата, која му припаѓаше на Американецот Рајан Лохти (1:54,00).
Спорт
Ѓоковиќ го сели турниот од Белград во Атина

Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на сите времиња, е во напредни преговори со Панатијаикос во врска со организацијата на АТП-турнирот.
Како што објави грчката СДНА, турнирот од серијата АТП 250 треба да се одржи од 2 до 8 ноември во атинската „ОАКА арена“.
Грчките медиуми пишуваат дека главна цел на јунската посета на Ѓоковиќ на грчката престолнина била префрлање на АТП-турнирот од Белград во Атина.
„Како што е познато, односите на Новак со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, беа нарушени по трагедијата во Нови Сад и поддршката на 38-годишниот тенисер за протестите против режимот. Поради ова, семејството на Ѓоковиќ ги виде и модерните можности на арената ОАКА“, пишува „СДНА“.
За сè беше информирана и Евролигата, со цел да се организира Панатинаикос да игра во други сали во текот на ноември додека трае турнирот.
Од 1994 година, тениски турнир од ова ниво не е одржан во Атина. За прв пат, спортски настан на високо ниво, кој не е кошаркарски натпревар, треба да се одржи во „ОАКА Арената“, која се наоѓа во рамките на Олимпискиот комплекс во Атина. Планирано е натпреварите да се одржуваат на тврда подлога, под која има LED екран, кој се користи и за време на натпреварите на Панатинаикос.
АТП турнирот во Белград досега се одржа двапати. Првото издание во 2021 година го освои Ѓоковиќ, кога беше подобар од Алекс Молчан во финалето, а второто издание се одржа во 2024 година. Тогаш победи Канаѓанецот, Денис Шаповалов.
Спорт
Касадо од Барса во Атлетико?

Барселона мора да продава за да може да регистрира повеќе играчи во првиот тим, вклучувајќи ги Џоан Гарсија, Војчех Шчесни и Маркус Рашфорд.
Марк-Андре тер Штеген и Андреас Кристенсен се сметаат за главни кандидати за заминување, но засега ништо не се случува во таа насока. Двајцата гласно и јасно кажаа дека нема намера да го напуштата клубот.
Наместо тоа, меѓу потенцијалните заминувања се појавија нови имиња, а еден од нив е Марк Касадо.
Барселона го проценува Касада на 30 милиони евра, а се верува дека неговата продажба би овозможила регистрација на Гарсија, Шчесни и Рашфорд во Ла Лига.
Неколку клубови од Премиер лигата се заинтересирани за младиот дефанзивен играч од средниот ред, а според „Спорт“, интерес покажува и Атлетико Мадрид.
Тренерот на Атлетико, Диего Симеоне, е голем обожавател на Касадо, а по заминувањето на Родриго Де Паоло во Интер Мајами, се отвори простор за доведување на уште еден играч од средниот ред. Атлетико веќе го донесе Џони Кардосо од Реал Бетис претходно ова лето.