Европа
Меј: Руската закана се протега од Западен Балкан до Блискиот Исток

Пред самитот на ЕУ британската премиерка, Тереза Меј, предупреди за агресивната политика на Русија кон Европа и пошироко. Меј не одговори на прашањето дали ќе бара дополнителни санкции против Русија за обид за убиство на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал.
„Ќе зборувам за Скрипал, но не само за тоа. Овој модел на руска агресија го гледаме од Западен Балкан до Блискиот Исток“, рече Меј.
Според некои медиуми, судејќи по последната средба на министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ, на која беше разгледана руската закана, постои веројатност денеска Грција да биде меѓу земјите со најмек став во однос на Русија.
„Треба да изразиме солидарност со Велика Британија и британскиот народ, но истовремено треба да го испитуваме случајот и да бидеме многу одговорни“, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас при пристигнувањето во Брисел.
Според дипломатски извори, во замена за грчка поддршка во однос на Русија, по предлог на Атина ќе биде разгледана европската позиција кон Турција. Според некои медиуми, меѓу кои и грчкиот весник „Катимерини“, меѓу заклучоците на средбата ќе биде и тоа што ЕУ остро ја осудува постојаната нелегална активност на Турција на источниот Медитеран и во Егејското Море и дека Брисел ќе инсистира Турција да ги прекине овие активности.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Фото) Естонија ја откри патеката на летот на руските авиони вклучени во упадот

Министерството за одбрана на Естонија ја објави патеката на летот на трите руски воени авиони кои го нарушиле естонскиот воздушен простор.
Во соопштението се наведува дека италијански борбени авиони на НАТО ги придружувале руските летала при напуштање на територијата.
„Нарушувањето“ се случило над Финскиот Залив, северно од главниот град Талин, соопшти министерството.
Објаснуваат дека руските авиони од типот МиГ-31 летале „паралелно со државната граница, од исток кон запад“.
Се додава дека тие навлегле помалку од 10 километри во естонскиот воздушен простор.
Европа
Сајбер-напад предизвика проблеми на европските аеродроми

Сајбер-напад насочен кон давател на услуги за системи за пријавување и качување во авион го наруши работењето на неколку европски аеродроми, предизвикувајќи одложувања и откажувања на летови на аеродромите во Брисел и Берлин, соопштија операторите.
Нападот ги оневозможи автоматизираните системи за пријавување и качување во авион, принудувајќи го оперативниот тим на аеродромот да премине на рачни процедури, што значително го забави процесот, се вели во соопштението на аеродромот во Брисел, објави Ројтерс.
Како што е наведено, сајбер-нападот имаше големо влијание врз распоредот на летовите, а патниците беа предупредени да очекуваат одложувања.
Давателот на услуги наведува дека активно работи на решавање на проблемот и враќање на системот во функција.
„Поради технички проблем со давател на систем кој работи низ цела Европа, има подолго време на чекање за пријавување. Работиме на брзо решавање на проблемот“, соопшти аеродромот во Берлин на својата веб-страница.
Аеродром Франкфурт, најголемиот во Германија, не беше засегнат и функционира нормално.
Засега не е познато кој стои зад нападот.
Европа
Остатоци од ракета пронајдени во источна Полска

Наводни делови од ракета, за која се верува дека е употребена за соборување беспилотно летало, можеби се пронајдени во источниот регион Лублин, соопшти полската воена полиција повеќе од една недела откога Полска, со поддршка од авиони на НАТО, собори руски беспилотни летала во својот воздушен простор.
Се очекува разгранокот на воената полиција во Лублин да спроведе форензичко испитување на деловите, соопштија властите на „Икс“.
Минатата недела Полска соопшти дека руски беспилотни летала го нарушиле нејзиниот воздушен простор во текот на ноќта кон средата додека Русија ја напаѓаше Украина.
Русија соопшти дека не ја таргетирала Полска.
фото: принтскрин